Македонија
????????: „??? ?? ??????“ ?? ???????? ?? ????????? ??????
Постои интерес кај земјите од регионот во иднина да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“, со што ова од македонска ќе стане балканска акција, изјави оперскиот пејач Борис Трајанов, иницијатор на нејзиното одржување.
Постои интерес кај земјите од регионот во иднина да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото“, со што ова од македонска ќе стане балканска акција, изјави оперскиот пејач Борис Трајанов, иницијатор на нејзиното одржување.„Балканската акција ни е во агенда. Мора да кажам дека Денот на дрвото е акција која зависи од донации. Едноставно мора да имаме доволно донации за да можеме ние нашиот дел да си го истераме. Што се однесува до Владата на Република Македонија, заедно со своите министерства, тие веќе имаат напишано писма, веќе имаат повеќе позитивни одговори. Мислам дека се чека на граѓанскиот сектор, бидејќи инсистираме на тоа ова да е граѓанска акција и дека така треба да остане. Граѓанското обележје на акцијата сакаме да ја пренесеме на таа идна балканска акција Ден на дрвото“, изјави Трајанов.Како најава на одржувањето на акцијата в четврток, 31-ви март, денеска претставниците на дипломатскиот кор засадија дрвца на врвот на планината Водно.„Ова е голем настан за нас, иако времето е ужасно. Учеството во акцијата за засадување дрвца е големо задоволство за нас, поради тоа што навистина ја покажува подготвеноста на луѓето овде и на странците, дипломатите да направат нешто вредно заедно. Ова не е првпат. Со мојот полски колега се потсетивме дека за време на нашиот престој овде сме учествувале во оваа акција на различни локации“, изјави унгарскиот амбасадор Ференц Кекеши.„Сум посадил многу дрвца низ Македонија. Ова е настан што не е важен само за Македонија, туку и за целиот континент. Дрвата се бели дробови на Европа. Со садењето дрва овде, произведуваме кислород за целиот континент. Среќен сум што организаторите го имаат сфатено ова. Позитивно сум изненаден од бројот на дрвата што се посадени овде во Македонија. Добар пример кој треба да се следи“, рече полскиот амбасадор Карол Бакура.Во акцијата денеска учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, и шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски.„Сметаме дека овие акции значително придонесуваат за подобрување на нашата животна средина и на еден долг рок ќе придонесат и за подобрување на здравјето на луѓето и тоа всушност претставува едно големо богатство што ќе ни пружа придобивки во наредните години“, рече Наумовски.„Мислиме дека овој македонски обичај има добри основи во иднина да стане една балканска традиција и Денот на дрвото да не се одржува само во Македонија, туку со нашите соседи да го прошириме и да имаме заеднички акции за пошумување и разеленување на целиот полуостров. Сметам дека добра е традицијата што и дипломатскиот кор е заедно со нас и многу сме задоволни од нивниот придонес за тоа колку и какви дрва посадија денес“, рече Милошоски.Предвидено е в четврток, во рамки на акцијата, да бидат засадени дрвца на повеќе локации низ Македонија. Поради одржувањето на акцијата, овој ден е прогласен за неработен. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Опозицијата ја мачи што доаѓа време на одговорност за канабисот
Премиерот, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи за концесиите за канабис и акцијата која се спроведува, истакна дека истата се спроведува подолг период и правдата ќе си дојде на свое место, а опозицијата ја мачи тоа што доаѓа време за одговорност за сите вклучени лица, па им работи меморијата кој што потпишал или направил, воедно посочи дека факт е дека фирма од која се запленија 30 тони има поврзаност со функционер од СДСМ.
„Оваа влада веќе шест лиценци има одземено, од информациите со кои располагам уште неколку ќе бидат одземени во периодот кој следи, контролите продолжуваат, очекувам голем број на лиценци да бидат одземени. Но, исто така за мене е поважно што е правено изминатите години откако главната економска политика на претходната влада се темелеше на давање на лиценци и одгледување на цвет од канабис и да не ги заборавиме 150 денари претплата за МРТ кои потоа пет пати ги наплатија. Тоа беше главната економска политика на претходната влада и нормално ширење на хистерија кога сега од опозиција ја прават без да понудат било какво решение“, потенцираше премиерот Мицкоски, одговарајќи на прашање од пратеникот Љупчо Пренџов.
Премиерот Мицкоски нагласи дека факт е дека фирмата во којашто се запленија повеќе од 30 тона цвет од канабис има роднинска поврзаност со висок функционер на опозицијата од минатото односно претседател на локална организација во СДСМ во Ново Село и тоа е факт и никој не може да го побие.
„Не еден килограм, не еден тон, туку 30 тони, факт е дека овие испораки завршуваат до луѓе блиски од претходната влада, но тоа не можам јавно да го зборувам бидејќи е дел од истрагата. Тишината нив ги оптеретува, тие се навикнати на парада, камери, лисици, понижувања, омаловажувања, тие не се навикнати на соопштенија за јавност или кратка изјава и тоа ги мачи затоа што конечно доаѓа времето на наплата на она кое што во назад во времето било погрешено. Ги мачи што гледаат дека нема назад, кога гледаат како камионите се полнат со запленет канабис, се одземаат лиценци. Работи меморијата, секој се преиспитува што направил што потпишал, кој документ, што згрешил тоа е цело време потсвест која ќе продолжи да ги јаде. Сега тие се молат да заврши истрагата побргу за да видат кои се тие, дали се тие или не, дали ќе се покрене постапка овде за одземање имунитет можеби, тоа ги мачи“, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека има чувство дека голем дел од нив ќе се изненадат затоа што главната економска политика им се водеше на канабисот и затоа и многу им се тие 18 пратеници кои ги добија.
„Не велам дека имам податоци, но имам чувство дека ќе бидат изненадени за тоа што следува во периодот. А она кое очекувам е правдата да си дојде на свое место и сите одговорни лица да одговараат. Замислете држава во која главната економска политика се темели на канабис, отидоа чекор понапред, сакаа да формираат слободни канабис туристички зони каде ќе биде дозволено користење на марихуана. Овие луѓе и ова им е многу што добија 18 пратеници, после тоа се што направија и тоа им е многу. Не им беше доволно што тони канабис ќе порасне и генерации ќе бидат потенцијални зависници и беа свесни за тоа и решија да направат слободни зони за консумирање на канабис, па спомнуваа Дојран, Охрид и не случајно во тие региони има најмногу плантажи за да нема трошоци за транспорт. На тоа дојде крај и сега следи одговорноста и гарантирам дека одговорност ќе има“, дециден е премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски воедно нагласи дека не случајно акцијата е работена подолг период и не случајно почетокот започна кај нашиот северен сосед и тука има можеби дилема зошто баш таму се појави, а можеби одговорот ќе се најде во новата пи-ар стратешка група која ја води политиката во опозицијата или во хотел Парк во центарот на Скопје.
Македонија
Полицаец кој го обезбедува Собранието возел без да има положено, одземено му е возилото
Полицаец, вработен во Одделението за обезбедување на Собрание, возел без да има положено. Против него е поднесена кривична пријава и одземено му е возилото.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за обезбедување на објекти од државен интерес при Оддел за заштита на определени личности и објекти, на 12.02.2026 на ул.„11 Октомври“ во Скопје управувал негово лично патничко моторно возило „бмв“ без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против А.Б. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
Пред една недела, уште еден полицаец беше фатен без возачка дозвола.
Македонија
Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини.
Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.
За секоја утврдена неправилност, инспекторите согласно законските надлежности, ќе реагираат со поведување прекршочни постапки и изрекување соодветни санкции.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во повеќе наврати порача дека нема да има толеранција за бесправно узурпирање на јавниот простор.
„Нашите инспекциски служби се на терен. Соодветни казни ќе има за сите што немаат одобрение за поставување урбана опрема“, рече Герасимовски.

