Македонија
??????????? „???????? ?? ?????????? ? ?????? ??????????? ?? ??????????“
Брошурата „Предлози за технолошки и бизнис партнерства од Македонија“ денеска беше промовирана од страна на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ како координатор на Европскиот информативен и иновативен центар на Македонија (ЕИИЦМ) кој е член на Enterprise Europe Network,.
Брошурата „Предлози за технолошки и бизнис партнерства од Македонија“ денеска беше промовирана од страна на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ како координатор на Европскиот информативен и иновативен центар на Македонија (ЕИИЦМ) кој е член на Enterprise Europe Network,.Брошурата има за цел да им помогне на малите и средните претпријатија од Република Македонија во потрага по партнерства во други земји. Станува збор за меѓународна база за бизнис, технолошка и научна соработка на сите земји каде што е присутна Европската мрежа.„На повидок е и трансфер на технологија која е иноватор од Република Македонија ќе ја пренесе во една развиена европска земја. Брошурата во иднина ќе биде доставувана до сите манифестации организации од страна на мрежата, како меѓународни саеми и брокерски настани“ изјави проектен менаџер на ЕИИЦМ, Виктор Стојмановски. На промоцијата директно обраќање имаа ректорот на УКИМ и претседател на Конзорциумот на ЕИИЦМ, Велимир Стојковски и министерот за образование и наука на Република Македонија, Никола Тодоров. „Со воспоставување на контакт со универзитетот или било која од нашите партнерски институции вклучени во работата на овој центар, македонските мали и средни претпријатија ќе можат да ги добија услугите од мрежата преку едношалтерски систем и сосема бесплатно“ вели Стојковски. ЕИИЦМ е основана пред три години, од страна на Европската комисија и по тој повод ја промовираше брошурата. Мрежата е присутна во 47 земји, составена од над 600 партнерски организации, а опслужуваат повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија, секаде каде што е присутна./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

