Контакт

Македонија

??????????????? ????? ?? ???? ?? ?????? ?? ????????

Објавено пред

Фундаменталниот ислам не може да остави никакви последици на Балканот, бидејќи исламската култура е длабоко вкоренета кај локалното население со муслиманска вероисповест

Вакво мислење денеска во Скопје изнесоа високи верски поглавари, кои учествуваат на Петта средба на лидерите на исламските верски заедници на Балканот. Поглаварот на Исламската верска заедница на Косово, Наим Трнава, рече дека исламот на Балканот не е туѓ идентитет, туку е автохтон идентитет на просторот и како таков треба да се респектира.„Исламот е една чиста религија и нема ништо заедничко ниту со тероризмот, ниту со фундаментализмот и било каков терористички акт кој некои наводно во име на исламот го вршат, нема никаква врска со основите на верувањето“, рече Трнава. Тој потсети дека согласно исламското учење, да убиеш еден невин човек е како да си го убил целото човештво.„Воопшто не се плашиме од фундаментализмот. Исламот овде е присутен многу години и ние сме подготвени со заедничка соработка секое ново настојување или навлегување на фундаментализмот на овие простори да го стопираме“, рече Трнава.Слично размислување изнесе и Неџат Грабус, муфтија во Словенија, кој смета дека настаните околу распадот на поранешната Југославија и стариот систем, отвориле простор за појава на одреден вид на фундаментализам.„Не снаоѓање на самите држави по распадот на Југославија во делувањето на верските заедници, придонесе до тоа верските заедници да бидат несигурни сами по себе како да го организираат своето делување и во таа смисла се и процесите кои се појавија во поинаква примена на исламот“, рече Грабус.Тој изрази уверување дека таквите појави ќе поминат како олујно невреме и дека нема да остават долготрајни последици.Сметам дека исламот толку длабоко  е вкоренет на балканот и овие предизвици со кои сега се соочуваме ќе поминат како еден силен дожд, но долгорочно не може да остават некакви последици, бидејќи на Балканот живеат автохтони муслимани, исламската култура е многу развиена и постои хиерархија на исламската заедница“, рече Грабус.Тежина на настанот му даде и македонскиот премиер Никола Груевски кој денеска организираше свечен ручек за учесниците на Петта средба на лидерите на исламските верски заедници на Балканот. Како што соопшти неговиот кабинет, Груевски укажал дека на просторот на Балканот се преплетуваат многу вредности, дека тука отсекогаш заеднички живеат луѓе од разни нации и религии и дека претставува регион со многу емоции, многу енергија и многу љубов. Токму тие карактеристики, ја прават компаративната предност на Балканот и во тоа светло треба да се гледа таа вредносна полиномија која треба да се искористи во функција на сеопштиот напредок ,истакнал Груевски. Премиерот Груевски посочил и дека христијанството и исламот не учат дека треба да веруваме, да се почитуваме, да помагаме, да соработуваме, да го поддржуваме семејството, ближниот свој, но и својот сосед и сограѓанин, да даваме љубов и да работиме за остварување на заедничкиот успех. На ручекот присуствуваа поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, претседателот на Дијанетот на Исламската заедница на Република Турција, д-р Мехмед Гормез, како и верските лидери на исламските верски заедници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Романија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Следи постудено време, од среда пообилни врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови 722 заболени и девет починати од Ковид-19 во Македонија

Објавено пред

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Прилеп – 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово – 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.701 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 375, активни 4309
Куманово 20, активни 353
Прилеп 44, активни 719
Тетово 22, активни 262
Гостивар 23, активни 177
Штип 15, активни 118
Кавадарци 35, активни 549
Велес 11, активни 245
Битола 25, активни 212
Охрид 16, активни 444
Струмица 10, активни 187
Струга 10, активни 178
Кочани 10, активни 104
Кичево 5, активни 48
Неготино 13, активни 310
Гевгелија 29, активни 278
Свети Николе 5, активни 24
Крива Паланка 14, активни 140
Ресен 5, активни 55
Дебар, активни 17
Делчево 2, активни 66
Радовиш 5, активни 15
Берово 5, активни 33
Пробиштип 2, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 36
Крушево 5, активни 82
Богданци 9, активни 68
Кратово 1, активни 27
Демир Хисар 1, активни 26
Демир Капија 2, активни 32
Македонски Брод, активни 5
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активни 1

Прикажи повеќе...

Македонија

Професор Марјан Ѓуровски: Преку заедничка Влада до внатрешно македонско помирување

Објавено пред

Заедничка голема политичка Влада е храбар предлог на претседателот на СДСМ Зоран Заев. Прво ќе придонесе кон внатрешно помирување во македонскиот блок (десницата и левицата) и исцртување на црвените линии во градење на заедничка стратегија за развој на државата, вели универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски во изјавата за „Макфакс“.

Според него концептот на заедничка политичка влада ќе создаде поинаква политичка култура и ќе доведе до градење на заеднички политики меѓу другото за помирување и со соседите во прво време што е суштински потребно. После проектот “едно општество за сите” овој предлог на лидерот на СДСМ Зоран Заев, според Ѓуровски, ќе им даде шанса на политичките партии да излезат од маѓепсаниот круг на одмазда, омраза и пизма која е меѓу граѓаните, свртени еден против друг кога ќе дојдат на власт. Кој тоа и да биде.

„ Пред тоа секако нужно е потребна внатрешна демократизација на секоја политичка партија, процес низ кој мора да помине левицата и десницата, како и партиите од политичкиот центар, но и албанските политички партии. Дали се наоѓаме пред нова македонска политичка пролет и т.н. Дојчланд или Швајцарска коалиција до крајот на годината или по првите наредни парламентарни избори“, прашува професорот Ѓуровски.

Воедно нагласува дека евентуалната заедничката политика влада нема да значи амнестија за криминалот туку напротив зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„ Јавното мислење ќе биде вистинска опозиција, вклучително медиумите и оние кои партиципират во јавната дебата. Евентуална експертска влада која се споменува во изминатите 30 години се покажа како нефункционална за што потврда е првата експертска влада на првиот премиер Никола Кљусев. Политичките партии може да немаат доверба или да бегаат од политичка одговорност во случај на формирање на експертска влада, идеја која исто така се пласира во јавноста“, смета политологот Ѓуровски.

Сите овие идеи само ќе придонесат кон зајакнување на парламентаризмот во македонската држава, заклучува професорот Марјан Ѓуровски во изјавата за „Макфакс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 722 заболени и девет починати од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375,...

Топ2 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија2 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Топ6 часа

Кривична пријава за жител на Трпејца, со лажен елаборат изградил куќа во Националниот парк „Галичица“

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Трпејца затоа што со фалсификат геодетски елаборат изградил куќа во месноста „Трпејчко кале“ што е...

Македонија7 часа

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија8 часа

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ8 часа

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија9 часа

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион10 часа

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Свет22 часа

СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина...

Европа23 часа

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Македонија1 ден

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија1 ден

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија1 ден

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ1 ден

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ1 ден

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион1 ден

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа1 ден

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет1 ден

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија1 ден

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Досие