Македонија
?????????: ??????????? ?? ????? ?? ??? ? ????????
Надлежноста на Меѓународниот суд на правдата во Хаг по однос на тужбата на Македонија против Грција е неспорна, изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, коментирајќи ја усната расправа што по однос на процесот се води во судот
Милошоски смета дека одлуката треба да биде почитувана од двете земји, кои веќе ја признале надлежноста на судот во однос на предметот.„Нашата позиција и аргументи се многу јасни – овој случај е документиран, овој случај е меѓународно-правен и овој случај се заснова на времената спогодба во којашто изрично е наведено дека кое било прашање, толкување или спор којшто може да се појави на билатерална основа, освен политичкиот македонско-грчки спор, е во надлежност на Меѓународниот суд на правдата и токму затоа бевме упатени меѓународно-правно да се обратиме пред ова институција на Обединетите Нации. Цениме дека надлежноста на овој суд е неспорна и дека пресудата која што очекуваме да се случи до крајот на есента би требало да биде почитувана од двете страни како одговорни земји-членки на Обединетите Нации, кои што во меѓувреме и претходно ја признале надлежноста на судот“, изјави Милошоски.Шефот на дипломатијата оцени дека настапот на македонскиот тим пред судот бил издржан и заснован на реални аргументи и случувања. „Постапката пред Меѓународниот суд на правдата ја цениме за солидна. Беше навистина и задоволство и обврска да ги претставиме нашите аргументи. Сметам дека пристапот кој што македонскиот правен и адвокатски тим го има кон овој случај беше издржан, заснован на фактографија, на реални случувања и аргументи. Она што очекуваме од Меѓународниот суд на правдата е да биде потврдена правдата, односно во овој случај да нема поразени и победени странки, туку победник да биде меѓународната норма и меѓународното право кое што се однесува на времената спогодба. Тоа цениме дека ќе придонесе за понатамошно одржување на еден продуктивен баланс и рамнотежа на односите меѓу Македонија и Грција. Истовремено, она што како политичари сме должни да го правиме, ќе продолжиме да го правиме инвестирајќи во еден конструктивен развој на македонско-грчкиот дијалог“, изјави Милошоски.Министерот е дециден дека процесот пред судот нема да влијае врз политичките разговори околу спорот со името. „Кога ние го имавме најголемиот интензитет на меѓусебна преписка со аргументи и противаргументи по однос на судскиот случај минатата година, тогаш го имавме и најголемиот интензитет на меѓусебните политички македонско-грчки преговори, што покажува дека македонско-грчкиот дијалог зависи од политичката волја, а не од правните случаи, како што е овој случај во Хаг“, рече Милошоски, кој денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ учествуваше на засадување дрвца на Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови
Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат
Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.
„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.
За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.
Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.
Македонија
Во изминатите девет часа најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје.
По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир Капија и 1 л/м2 во Прилеп.
Од УХМР информираат дека на повеќе места низ земјава има интеракција на подземните и површинските води и појави на заезерувања од самите врнежи. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар, река Црна и на река Треска. На останатите помали реки се очекува постепена стагнација и намалување на водостојот во вечерните часови.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините во северозападните делови врнежите од дожд ќе преминуваа во врнежи од снег. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Управа за хидрометеоролошки работи, претходно околу 14:00 часот информира дека на хидролошката станица на река Вардар во Балин Дол е регистрирано намалување на водостојот на реката, но тој сеуште останува висок и постои опасност од излевање на реката во гостиварскиот регион, додека во наредните часови водниот бран ќе се движи низводно кон Полошката Котлина и Скопје, каде што се можни локални излевања и заезерувања во Полошката Котлина.
И во Скопје ce очекува висок водостој на реката Вардар, при што е зголемен и водостојот на реката Лепенец.
Поради зголемениот водостој на реките Кадина и Маркова, како и поради водите што не пристигнат од Горен Вардар, од УХМР информираат дека можни се локални заезерувања низводно од Скопје, на потегот околу селата Зелениково, Орешани и Таор.
Водостојот на реката Треска е во пораст и можни се излевања кај селата Пласница и Лисичани. Водостојот на реката Зајашка останува висок, со тенденција за благо намалуване во наредните часови.
Во сливот на реката Црна можни се заезерувања во Демирхисарскиот регион и Пелагониската Котлина.
Македонија
УХМР: Претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава
Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците низ земјава.
-Регистриран е прилично висок водостој на река Кумановска и во нејзиниот слив се можни локални излевања на реките и суводолиците. Исто така, на река Треска останува исклучително висок водостојот и во нејзиниот слив се можни локални излевања, а надојдената вода е можно да претставува опасност и по столбовите на дел од Мостовските конструкции – информираат од УХМР.
На останатите водотеци на западот од земјата остануваат високи водостоите но се со тенденција на намалување. На истокот засега има помали зголемувања на водостоите на реките, иако беа забележани локални и изолирани појави на интензивни поројни врнежи во поедини делови.
-До крајот на денот се очекува да остане висок водостојот на река Вардар во горниот дел, а во текот на вечерта и за време на ноќта да има зголемување на водостојот низводно од Скопје (Јурумлери, Орешани, Зелениково, Таор) како и во Велес. Исто така и на река Треска се очекува да остане исклучително висок водостојот до крајот на денот и вечерта – информираат од УХМР.

