Контакт

Македонија

????????? ?? ??????? ??????????? ?? ??????????? ?? ????????? ?? ??

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, не очекува повлекување на препораката за пристапни преговори со Европската Унија

Вицепремиерот Васко Наумовски вели дека таа се дава врз основа на конкретно завршени задачи и соодветна исполнетост на предвидените критериуми.„Европската Унија ја дава препораката врз основа на нешто што е конкретно завршено, врз основа на доволен степен на исполнетост на критериумите за членство. Самата Европска Комисија во два наврати кажа дека Република Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство, односно ги исполнила сите критериуми за тоа. Не верувам дека Република Македонија може да се врати назад. Ние ќе направиме се што е во наша моќ да продолжиме да се движиме напред и сиот оној напредок што го постигнавме во 2009-та и 2010-та година да биде наша основа и за напредокот што ќе го направиме и во 2011-та година“, изјави Наумовски. Вели дека земјата ќе продолжи со напорите за исполнување на критериумите и покрај постоечкиот спор за името.„Мислам дека патот на Република Македонија и за почеток на преговорите и за членството во НАТО е попречен од еден спор којшто е наметнат пред повеќе од 20 години. Ние тој спор ниту го измисливме, ниту го наметнавме, ниту го направивме да биде пречка за нашето членство во НАТО и за почетокот на преговорите за нашето членство во Европската Унија. Ние во еден подолг период се обидуваме да изнајдеме едно решение кое што ќе биде взаемно прифатливо и за двете страни. Така ќе продолжиме и во наредниот период. Во меѓувреме, ќе продолжиме со исполнување на сите оние критериуми зацртани од страна од Европската Унија за нашата држава да може да влезе во Европската Унија“, рече Наумовски, кој денеска заедно со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и членовите на дипломатскиот кор засади дрвца на падините на Водно, во рамки на акцијата „Ден на дрвото“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Захариева: Се прават напори да ги испорачаме ветените вакцини за Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на враќање од посетата на Париз, денеска, во Софија, оствари средба со својата бугарска колешка Екатерина Захариева.

Како што информираат од Министерството, на средбата биле разгледани актуелностите поврзани со корона-кризата и начините на кои двете земји остваруваат соработка во справувањето со овие предизивици.

„Во оваа пригода Захариева потврди дека се прават напори за изнаоѓање начин за испорака на ветените вакцини за Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението за средбата.

Во него се додава и дека на состанокот станало збор за акцискиот план за меѓусебна соработка, можноста за неговата финализација, а во функција на евентуално договарање втора меѓувладина конференција меѓу двете влади, чии копретседавачи се токму министрите Османи и Захариева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Северна Македонија ги чувствува последиците од неуспехот на механизмите за снабдување со вакцини

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на онлајн-министерскиот состанок на алијансата за мултилатерализам, што на иницијатива на министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Жан Ив Ле Дриjан и Хаjко Мас, се одржува на маргините на високиот сегмент на 46. сесија на Советот за човекови права на ООН.

„Република Северна Македонија, со целосно потпирање врз мултилатералните механизми во обезбедувањето вакцини, ги чувствува последиците од севкупниот неуспех да се спроведе на дело она за што силно се залагаме на зборови“, истакна Османи.

Потенцирајќи дека мултилатерализмот останува единствениот можен начин за справување со глобалните предизвици, во своето излагање Османи особено се осврна на влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз продлабочувањето на постојната нееднаквост меѓу развиените и земјите во развој, како и врз нарушувањето на човековите права во глобален контекст.

Во делот на дискусијата на тема „Новите предизвици за човековите права, подготвеноста и одговорот за справување со пандемијата“ тој ја нагласи неможноста за еднаков пристап до вакцините како дополнителен фактор што ги влошува состојбите.

Алијансата за мултилатерализам претставува важен форум за промовирање заеднички солуции за глобални предизвици преку зајакнување на мултилатералната соработка. Формирана на иницијатива на францускиот и германскиот министер за надворешни работи во 2019 година, оваа неформална алијанса е отворена за земји што веруваат дека мултилатерализамот е единствена гаранција за меѓународна стабилност и мир, со решавање на предизвиците преку соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Андоновски: Граѓаните со своите потписи докажаа дека не сакаат политички мотивиран попис

Објавено пред

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од Неготино порача дека граѓанската акција за собирање потписи, со кои ќе се поништи Законот за пописот, се одвива одлично додавајќи дека во тој град се собрани повеќе од 1.000 потписи.

„ВМРО-ДПМНЕ не е против попис, пописот ни е сериозно потребен за градење политики, мерки за иднината, за планирање на економијата, за планирање на вработувањата. Но, тие вработувања не смее и не може да се базираат на попис, кој е некредибилен, спротивен на сите стандарди, политички мотивиран“, порача претставникот на опозициската партија.

Тој додаде дека акцијата ќе продолжи уште две недели во сите градови и изрази надеж дека ќе бидат постигнати сериозни бројки.

„Почнавме многу сериозно, во првиот викенд беа собрани над 50.000 потписи. И сигурни сме дека до крајот на акцијата бројката ќе стане и шестцифрена и ќе може да имаме сериозна поддршка во Собранието за да можеме да го спречиме овој попис што сакаат да ни го организираат“, истакна Андоновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија7 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ10 часа

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет10 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија10 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија12 часа

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет12 часа

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија12 часа

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија13 часа

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет23 часа

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија1 ден

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија1 ден

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија1 ден

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија1 ден

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија1 ден

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија1 ден

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија1 ден

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија1 ден

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Регион1 ден

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза. Иако вакцинирањето започна...

Досие