Македонија
????????? ??????????? ?????? ????? ?? ????
Како шпекулација, невистина и дезинформација уметникот Валентина Стевановска ги оцени тврдењата на СДСМ, според кои, таа добила милионски хонорар за изработка на дел од проектите содржани во „Скопје 2014“
Уметницата скулпторка Валентина Стевановска во средата најави тужба за клевета за најголемата опозициска партија СДСМ. „Сите информации се невистина, шпекулација и дезинформација. Мене ми е сосема јасно дека замената на овие информации е од политички и пропагандни цели, но повторувам и потенцирам дека ниту уметноста, ниту ние уметниците треба да бидеме или сме дел од политичките пресметки помеѓу партиите. Јас ќе поднесам приватна тужба поради клевета и нарушувања на мојот углед. Мојот углед и авторитет е граден врз база на макотрпна работа, на редовна и дополнителна наобразба. И постојано докажување. Уметноста има поголема вредност од дневната политика“, вели Стевановска во реакцијата.Според тврдењето на СДСМ, Стевановска за изработката на споменикот на Александар Велики, на Воин, на Коњаник и на Триумфалната Порта добила хонорар од 2.750.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

