Македонија
?????????? ?? ????????????? ?? ??????????? ???????? ?? ??????????

Под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов денеска во Кочани се одржа презентација под наслов “Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“.
Под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов денеска во Кочани се одржа презентација под наслов “Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“.
Цел на презентацијата е да се промовираат геотермалните потенцијали на Македонија со посебен акцент на кочанската котлина и условите што ги нуди општината Кочани за инвестирање во искористувањето на геотермалните води.
Претседателот Иванов во своето обраќање пред амбасадорите од БиХ, Австрија, Чешка, економски советник од словенечката амбасада и претставници од Светската банка, како и голем број бизнисмени ги повика да инвестираат во геотермалните потенцијали, бидејќи како што рече, ова е бесценет дар од природата во кој се инвестира долгорочно.
За искористување на геотермалните потенцијали е предвидена стратегија што ќе се заврши до 2020 година со што Македонија ќе обезбеди производство на 400 до 440 гигават часови електрична енергија.
Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски, посочи дека општината својата перспектива ја гледа во геотермалните води, односно дека водата ја гледа како можност за инвестирање и искористување.
Пред околу еден месец во Кочани беше пуштен во употреба дублет систем кој е прв на Балканот, а помага да се зголеми бројот на институциите кои сега наместо со нафта, се загреваат со топла вода.
Овој проект вреден два милиони, е финансиран од австриската влада. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без електрична енергија делови од Скопје

Денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, на 9.3.2021 година (вторник), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
Од 9:00 до 13:30 часот, корисниците на дел од ул. Борис Сарафов, спроти поранешна полиција, ул.Борис Сарафов зграда 2 и зграда 4, дел од ул.Крсто Раковски, бул. Партизански одреди према „ЈСП“ (општина Ѓорче Петров)
Од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од населба Драчево: дел од ул. Живко Фирфов бр.85, 38, 40, 42, 44, 48 (општина Кисела Вода)
Од 11:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на населба Драчево: ул.Чупино Брдо (општина Кисела Вода).
Македонија
Сопругата на Пендаровски се вакцинира против коронавирус

Сопругата на претседателот,Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се вакцинира против коронавирусот.
Таа објави фотографија на „Фејсбук“.
„Детска и превентивна стоматологија – вакцинирани!“, напиша Ѓоргиевска.
Македонија
Марш за женските права – „Држава што не постапува е држава што силува“

Активистки и активисти, денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР) и го почнаа петтиот марш за женските права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
Скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките изразија поддршка на сите жртви на родово базирано насилство и потсетија дека нема да застанат сè додека институциите не се вклучат активно во разрешување на случаите и санкционирање на виновниците одговорни за родово базирано насилство.
„Виновни се за соучество во злосторство сите што имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; сите што се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; сите што се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; сите што помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“, изјави Марија Савовска од „Акција здруженска“ и Платформата за родова еднаквост, во говорот што го означи почетокот на маршот.
Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.
Од Платформата за родова еднаквост побараа неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања, кои и овој пат ги повторија: Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови што праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет, особено да се регулира и во Кривичниот законик, и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.
„Тука сме, ве следиме и нема да ве оставиме раат“, заврши Савовска.
По обраќањето на активистките, присутните продолжија по рутата до Паркот на жената борец, каде што со завршни обраќања и краток перформанс за подигање на свеста за родово базираното насилство беше означен крајот на годинешниот марш за женски права.
Маршот е кулминација на неколкунеделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до 8 март.
Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 24 организации и мрежи што здружено дејствуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“