Македонија
?????????? ??? ?? ?????????? ?? ?????? ?? ??????????

Делегација на Министерството за внатрешни работи на Косово, предводена од министерот Бајрам Реџепи, денеска е во еднодневна посета на македонското МВР.
Делегација на Министерството за внатрешни работи на Косово, предводена од министерот Бајрам Реџепи, денеска е во еднодневна посета на македонското МВР.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и нејзиниот косовски колега ќе потпишат билатерален договор кој се однесува на изведувањето на мешани патроли долж заедничката граница.Според протоколот, најавен од МВР, најпрвин е предвидена те–а–тет средба меѓу двајцата министри, а потоа ќе се сретнат и претставниците од двете министерства. Заедничката прес – конференција е предвидена за 13:45 часот. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пет роденденски желби на кучето

Јавното претпријатие „Лајка“ го прославува петтиот роденден со повик за хуманост, одговорно сопствеништво и почит кон секое живо суштество.
Во пораката по повод јубилејот, од „Лајка“ велат дека за изминатите години ја трансформирале институцијата во пример за хуман, транспарентен и посветен систем, но дека вистинско решение за проблемот со бездомните кучиња може да се постигне само со строго законско регулирање на одговорното сопствеништво.
Во чест на роденденот, „Лајка“ ги сподели и „петте роденденски желби на кучето“ – секое куче да има свој дом, да нема гладни и заборавени животни, да се почитува вредноста на секој живот, општеството да решава, а не да убива, и да се верува во добрината.
Од претпријатието најавуваат роденденска дружба во бистро „Собрание“ под слоганот „Не ни требаат подароци, ни требаат луѓе. Луѓе кои ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно“. Додаваат дека секое куче заслужува шанса, а општеството треба само „да биде човечно“.
Македонија
Импресивни откритија на неолитската населба Влахо во Пелагонија

Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола ги завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија, еден од најстарите неолитски локалитети во регионот и во Европа.
Истражувањето во западниот дел на населбата покажало дека ранонеолитските културни слоеви достигнуваат висина од 2,7 метри, што укажува на долготрајно и динамично живеење во периодот меѓу 6400 и 6000 година пред нашата ера. Во околу 70 стратиграфски слоеви биле откриени остатоци од 16 градби, земуници, огништа, печки, како и бројни предмети – садови, алатки, мелници и животински коски.
Посебно значење имаат добро сочуваните дрвени остатоци во најстарите слоеви, кои може да претставуваат едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа.
Во следната фаза ќе се спроведат радиокарбонски, археоботанички, зооархеолошки и дендрохронолошки анализи. Проектот е резултат на меѓународна соработка меѓу институции од Македонија, Германија, Србија и Швајцарија, со поддршка од Министерството за култура и туризам и Германскиот археолошки институт.
Македонија
Пановски: Од Советот очекувам да не губи време за тоа кој бил предавник, а кој патриот, туку итно да го изгласа БРТ-проектот

Во пресрет на локалните избори, додека партиите ги прават последните подготовки за изборниот ден, кандидатите се растрчани на терен, а Скопје тоне во отпад, микробиологот Никола Пановски, кој бара втор советнички мандат во Град Скопје, ги издвои приоритетите на новиот совет. Тој е кандидат за советник од редовите на ЛДП и коалицијата „Искуство за успех“.
Кои проблеми во Скопје ги сметате најитни за решавање?
„Во вистинските демократии, кон кои ние се стремиме, локалните совети се одраз на нивото на политичка култура и ефикасност. Така треба да биде и кај нас во Скопје, градскиот совет треба да биде во функција на граѓаните, а не на партиите. Според мене, како најитен проблем би го навел јавниот превоз и тоа дека треба да се донесе конечна одлука за проектот ‘Брз автобуски превоз’ (БРТ) и да знаеме како ќе постапуваме по тоа прашање понатаму. Второ, отпадот и хигиената. Не мора да одите подалеку од вашиот дом и првите контејнери за да се уверите и самите дека со тоа има сериозен проблем и, трето, но не и помалку важно е аерозагадувањето. Како што заладува времето, така проблемите со загадувањето на воздухот стануваат сè поочигледни и сметам дека таму исто така треба брза и одлучна акција“.
Советот е колективно тело. Како гледате на соработката со колегите од другите партии и со идниот градоначалник на Скопје?
„Соработката треба да биде врз основа на корисни идеи и проекти, а не блокирање само затоа што предлогот не му се допаѓал некому или не доаѓа од нивната партија. Да не губиме време во досадни и беспредметни дискусии за тоа кој што и како направил во минатото, кој бил криминалец, кој бил предавник, а кој патриот. Во изминатите 4 години честопати дискусиите немаа врска со локалните проблеми. Новиот градоначалник на Скопје треба да биде во контакт и соработка со сите советници, да биде пример за редовност, ажурност и транспарентност, да биде толерантен на конструктивни критики и најважно – да има слух за проблемите на сите граѓани“.
Што сметате дека е она што ве издвојува од другите кандидати за советници?
„Како прво, јас сум меѓу највозрасните, најискусните, сум докажал дека сум човек со интегритет и граѓаните ми се пред партијата. Поддржувам, а и критикувам идеи, проекти и одлуки, кои се добри, без разлика од која партија доаѓаат. Изминатиот мандат почнавме многу работи, кои поради една или друга причина, не успеавме да ги завршиме. Имаме нова шанса пред нас да направиме вистински промени на овие избори. Затоа апелирам до сите граѓани кои му мислат добро на Скопје, да гласаат в недела и да ни ја дадат поддршката за наредните 4 години заедно да направиме една успешна градска приказна“.