Македонија
Анкета: 66 отсто од испитаниците семтаат дека земјата ги исполнила стандардите за членство во НАТО
Како што соопшти Министерството за одбрана, анкетата е спроведена во насока на испитување на јавното мислење за прашања кои се директно поврзани со работата на Министерството, АРМ и НАТО интеграцијата
Околу 66 отсто од анкетираните сметаат дека Република Македонија ги исполнила стандардите за членство во НАТО, посочуваат резултатите од анкетата што на барање на Министерството за одбрана ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје во периодот од 26 март до 1 април, на примерок од 1.190 испитаници.Според анкетата, 65,9 отсто од испитаниците позитивно одговориле на тоа прашање, 24,7 отсто одговориле негативно, а 9,4 проценти немале одговор. На прашањето, дали би прифатиле промена на уставното име на Република Македонија како услов за членство во НАТО, 62,2 проценти од испитаниците одговориле негативно, за 30,3 отсто тоа е прифатливо, а 7,6 отсто немале одговор. Според етничката припадност, од испитаниците кои негативно се изјасниле за промена на името како услов за членство во НАТО, 78,7 проценти се Македонци, 14,5 осто Албанци и останатите се од другите заедници.Вкупно 64,5 отсто од анкетираните ангажманот на припадниците на АРМ во мировните мисии надвор од државата го оцениле позитивно, 24,2 осто одговориле негативно, а 11,3 осто се без одговор.Запрашани дали сметаат дека припадниците на АРМ треба да продолжат да учествуваат во мировните мисии раководени од НАТО или САД, надвор од Република Македонија, потврдно одговориле 59,8 отсто од испитаниците, 28,7 осто се со негативен одговор, а 11,4 отсто немале одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

