Македонија
Проектот „Бабини Игри“ победи на Европскиот Mајкрософт Иновативен Форум
Проект на пет основни училишта во Mакедонија наречен „Бабини игри“ ја понесе наградата гран – при „Educators Choice“ на Европскиот Mајкрософт Иновативен Форум, кој се одржа во Москва од 21 до 25 март.
Проект на пет основни училишта во Mакедонија наречен „Бабини игри“ ја понесе наградата гран – при „Educators Choise“ на Европскиот Mајкрософт Иновативен Форум, кој се одржа во Москва од 21 до 25 март.На овој форум, наставниците од пет основни училишта победија во конкуренција со повеќе од 80 проекти од повеќе од 44 европски земји, во кои беа вклучени над 300 наставници.„Бабини игри“ е проект кој претставува електронско портфолио за културно патување низ традиционалните обележја преку кои се разви интеркултурален дијалог од различни региони на земјата и го поттикна креативното размислување, тимската работа, решавањето на проблеми, како и олеснување на наставниот процес за училиштата.„Бабините игри“ е проект кој има за цел да го поврзе минатото со сегашноста, да изградиме мост помеѓу традицијата и современите достигнувања на технологијата во 21 век. Децата ги прашуваа своите баби и истражуваа кои игри ги играле кога биле деца. Тоа истражување се одвиваше во пет училишта со видео конференциски часови“ – рече Марина Василева, една од наставниците кои учествуваа во проектот, на која денеска во ОУ „Кирил и Методиј “ и беше доделено признание од министерот за образование Никола Тодоров и министерот за информатичко општество Иво Ивановски.Добри Јовевски, кој исто така учествуваше во овој проект, рече дека наставниците на натпреварот во Москва успеале да докажат дека работат и ја користат технологијата за да ги оспособат учениците во 21 век.„Ова е уште еден доказ дека информатичките технологии кои што ги имплементираме во образованието имаат ефект. Не се согласувам со оние кои што велат дека ефектот од компјутеризацијата во Македонија го нема и дека ќе дојде во некој нареден период. Ефектот од компјутеризацијата во Македонија е на прво место во Европа и претендираме да бидеме на прво место во свет“ – рече министерот Тодоров.Со овој успех Македонија за првпат се квалификуваше за учество на Светскиот форум на иновативни наставници кој ќе се одржи во ноември 2011 година во Вашингтон и ќе се натпреварува во конкуренција со најдобрите и најиновативните наставници од целиот свет Проектот „Бабини игри“ е заеднички проект на скопските основни училишта „Св. „Кирил и Методиј“, „Живко Брајковски“, Дитурија“, „Илинден“ од село Конопица и „Браќа Рибар“ од Куманово. Проектот е во рамките на глобална програма на Мајкрософт наречена партнери во учењето, која во Македонија се спроведува од 2009 година, како резултат на меморандумот за разбирање меѓу Мајкрософт и Министерството за образование, кој ќе трае до 2013 година. /крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.
Македонија
Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници
Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
– Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака, се наведува во објавата на Муцунски на платформата „Х“.

-Во исто време, нашите амбасади и конзуларни тимови низ целиот регион се активно вклучени и работат на поддршка и помош на нашите граѓани, обезбедувајќи ја нивната безбедност и обезбедувајќи ја целата потребна конзуларна помош, се додава во објавата на налогот на министерот Муцунски на социјалната платформа „Х“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“. Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран. Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.

