Македонија
Георгиевски: Очекуваме да бидеме дел од новата влада, иако изборите се очајни
ВМРО – Народна партија денеска симболично ја започна неформалната кампања и соопштија дека ги прават завршните подготовки.
ВМРО – Народна партија денеска симболично ја започна неформалната кампања и соопштија дека ги прават завршните подготовки. Очекуваат дека ќе бидат дел од новата влада, иако предвремените избори според нив се очајни.Почесниот претседател информираше дека во завршна фаза е изборната програма на партијата, а наскоро ќе го објават и слоганот на нивната кампања. „Денеска ќе ја разгледаме и Декларацијата која неколку пати ја најавуваме и најверојатно во наредните денови ќе ја понудиме на другите политички партии. Декларацијата од самиот почеток ја најавуваме, гледаме дека и пораките на меѓународната заедница која интензивно ги праќа до Македонија се во насока на тоа конечно да се затвори проблемот со името и брза евроатланска интеграција на земјава веднаш по изборите“, рече Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО – Народна партија. Според него, новата владина коалиција треба да биде подготвена брзо да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО.Георгиевски истакна дека ВМРО-НП е подготвена за предвремените избори на 5 јуни, и веќе започнуваат со серија настапи низ државава, а од денеска ќе ги подготвуваат и изборните листи.На новинарското прашање доколку добие важно место во наредната влада, дали ќе се залага за ревидирање на Рамковниот договор, Георгиевски рече дека нема простор за ревидирање бидејќи тој речиси 97 отсто се применува. „Рамковниот договор во свои 97 отсто е исполнет, само во оној мал дел на правична застапеност на заедниците не знам колку е исполнет, меѓутоа сето друго се применува. Она што ние сакаме да го пратиме како порака, а не како договор, е да направиме еден кодекс на однесување за да не се распламнуваат меѓуетничките односи“, рече Георгиевски и за пример ја зеде Албанија, каде што живеат повеќе верски заедници, а никогаш немало проблеми и недоразбирања на меѓуетничко ниво./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

