Контакт

Македонија

Трибина: Потребен е државен консензус за спорот со името

Објавено пред

Постигнувањето државен консензус за спорот со името е еден од најважните елементи што треба да се постигнат за да дојде до негово решавање, заклучија учесниците на дебатата „Како до компромис со Грција“ во организација на Демократскиот сојуз.

dobivaj vesti na viber

Постигнувањето државен консензус за спорот со името е еден од најважните елементи што треба да се постигнат за да дојде до негово решавање, заклучија учесниците на дебатата „Како до компромис со Грција“ во организација на Демократскиот сојуз.Дел од учесниците посочија дека спорот со името не треба да биде тема на дискусија на следните парламентарни избори, додека следната влада треба да се нафати со негово решавање. „Името не би требало да биде дел од кампањата. Дали е така, дали ќе биде така, тоа е веројатно многу тешко да се одговори. Второ, по изборите, клучните актери би требало да понудат платформа за решавање на спорот, да демонстрираат некој вид основно единство и тоа мислам дека не е невозможно. Апсолутно е возможно, и тоа е третиот елемент. Возможно е ако спорот почне да се третира како државно, а не како партиско прашање“, рече Ермира Мехмети од ДУИ. „Имам апел до сите политички партии да ги искажат своите ставови како мислат да продолжат овие процеси за влез во Европската Унија и НАТО, дали има други решенија, други предлози, а во текот на изборната кампања многу помалку или воопшто да не расправаме за ова прашање, бидејќи ќе продолжат поделбите и меѓусебните обвинувања а решение нема да се најде“, рече Павле Трајанов, претседател на ДС. Токму немањето консензус, според екс-шефот на македонската дипломатија, Александар Димитров, е причината за отсуство на решение за спорот со името. „Ја знае ли некој македонската црвена позиција? Мислам дека ние немаме ’црвена линија’ затоа што немаме ниеден консензус. Немаме консензус меѓу партиите во власта, ниту меѓу партиите во опозицијата, ниту меѓу граѓаните, ниту меѓу медиумите. Се’ додека не изградиме државен, национален консензус, до тогаш нема да имаме ’црвена линија’ и нема да знаеме што да правиме, а сакаме да влезе во НАТО и сакаме ова прашање што поскоро да се расчисти“, рече Димитров. За дел од учесниците, неопходно е одржување референдум пред донесување на евентуално решение, додека според дел од нив политичарите на изборите добиваат легитимитет да решаваат и вакви крупни прашања. Универзитетскиот професор, Гордана Силјановска – Давкова смета дека доколку решението се бара во географска одредница, таа задолжително да биде по името Република Македонија. „Јас сум противник на географска одредница, затоа што мислам дека географската одредница ќе ја комплицира состојбата, затоа што покрај западна, централна и источна Македонија, сега ќе добиеме ’Северна Македонија’. Второ, мислам дека ако сакаме да направиме разлика меѓу држава и провинција, најдобро решение е да има некаква придавка која е придавка за држава, бидејќи самостојна, суверена, демократска не може да биде никаква провинција или регион. Трето, ако веќе компромисот е неможен без географија, тогаш географска додавка може да стои само зад целината ’Република Македонија’. Одговорно тврдам дека поинаку ние ќе имаме идентитески проблем, а не само именски проблем“, рече Силјановска-Давкова.„Нема потреба од референдум. Тоа е големата манипулација на лидерства кои немаат храброст откако ќе добијат легитимитет на регуларни, фер избори, да ја носат одговорноста за решавањето на клучни прашања“, рече новинарот Александар Чомовски.Според новинарот Драган Антоновски, пак, отворена е дилемата дали постои и реална волја за интеграција во евроатланските структури.„Ние велиме дека сакаме, дека граѓаните сакаат, но не сум убеден дека политичарите сакаат во Европа. Не сум убеден дали бизнис елитата сака во Европа, затоа што се сомневам дека во вакви услови ќе можат да функционираат бизнисмените, дека ќе имаат толкави камати за банкарските кредити, дека ќе може да не се плаќаат придонеси, дека ќе може да те пријави на минимум, дека нема да се плаќаат даноци. Значи многу е интересно, тој правец дали ние вистински сакаме во Европа, освен декларативната заложба што ја имаме“, рече Антоновски.Одржувањето на трибината се совпадна со 18-годишнината од влезот на Македонија во Обединетите Нации. /крај/ач

Македонија

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет2 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет2 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет3 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет3 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија3 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет3 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет4 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет7 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија8 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет8 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет13 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет14 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија15 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет15 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет16 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет16 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија1 ден

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија1 ден

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...