Македонија
Убиеното момче – Албанец се обидело да му помогне на соученик – Македонец
Момчето кое попладнево беше убиено со метални шипки во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ било од албанска националност и се обидело да му помогне на свој соученик Македонец, но во тепачката доби смртоносни повреди.
Момчето кое попладнево беше убиено со метални шипки во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ било од албанска националност и се обидело да му помогне на свој соученик Македонец, но во тепачката доби смртоносни повреди.Полицијата се уште врши увид на местото на инциденот и трага по безмилосните напаѓачи кои попладнево влегле во училишниот двор со метална шипка и ги нападнале двајцата ученици. Во обид да му помогне на својот соученик, осумнаесет годишниот Јашари Мухамед Али од Кондово попладнево околу 15:30 часот им подлегна на повредите. Од Ургентниот центар потврдуваат дека децата што беа повредени при тепачката во скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ биле примени кај нив и дека едно од нив околу 15:30 часот им подлегнало на повредите.Од ургентниот центар за Макфакс изјавија дека момчето било донесено со повреди на главата од тап предмет и без пулс. Му била извршена реанимација, но безуспешно. Другото шеснаесет годишно момче било со полесни повреди и е надвор од животна опасност.Физичкото обезбедување, тврди директорката, реагирало навремено, но не можела да го спаси детето. Инцидентот се случил додека дел од учениците биле вакцинирани од мала сипаница. „Во моментот излегувал од вакцинација веќе починатиот за жал Мухамед Али Јашари, кој се обидел да му помогне на својот другар Дарко, но за жал бил нападнат од страна на сторителите. Бил удрен со тап предмет. Во моментот реагираше лекарските екипи “ изјави Драгица Костадиновска директорката на училиштето.„Се случи голема трагедија. Ученик Албанец се обиде да му помогне на својот соученик Македонец и настрада. Она што ние денеска го изјавуваме е дека убијците ќе бидат фатени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Правдата ќе биде толку безмилосна колку што напаѓачите беа безмилосни кон својот ученик“ изјави министерот за образование Никола Тодоров.Додека траеше увидот во училиштето пристигна и делегација на ОБСЕ, на која не и беше дозволено да влезе, додека не завршел увидот. Во училиштето пристигна и градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. За инцидентот дознал од колегите.„Немам што да изјавам, одам да видам што се случило, мојот син учи во соседното училиште“ рече Јакимовски.Насилството во училиштата стана секојдневие. Од почетокот на годинава неколкумина ученици беа прободени со нож. Градот Скопје воведе и физичко обезбедување во училиштата, видео надзори и дежурни наставници, но и покрај ова трагедијата не беше избегната./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

