Македонија
Украдени 30 компјутери од школо во Студеничани
Вкупно 30 лаптоп компјутери биле украдени од основното училиште „Наим Фрашери“ во скопското село Студеничани од страна на непознат сторител.
Вкупно 30 лаптоп компјутери биле украдени од основното училиште „Наим Фрашери“ во скопското село Студеничани од страна на непознат сторител.Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи тешката кражба се случила ноќта во петокот спроти сабота.Станува збор за компјутери од марката „Контраде“, а материјалната штета се проценува на 270.000 денари (околу 4,500 евра). Сторителот со употреба на погоден алат отворил еден од прозорците од кабинетот по математика, влегол во внатре и од металниот плакар ги одзел компјутерите, по што го напуштил местото, стои во соопштението на МВР. /кра/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Муцунски на Универзитетот Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Бостон, вчера се обрати на 11-тата Европска конференција на Универзитетот Харвард, насловена „Лидер или сонувач? Улогата на Европа во фрагментираниот светски поредок“. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми за трансатлантски дијалог и европски прашања во САД, обединувајќи водечки научници, креатори на политики, лидери и студенти од двете страни на Атлантикот.
Во своето обраќање на панелот „Улогата на Европа во глобалната дипломатија – поврзување на Балканот и пошироко“, министерот потенцираше дека Европската унија мора да се справи со постоечките нееднаквости и да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината. Истакна дека е неопходно засилување на постепената интеграција на регионот во различни политики на ЕУ, како и продлабочување на соработката во стратешки области како енергијата, климатските промени, одбраната и безбедноста.
Министерот Муцунски нагласи дека ЕУ политиката кон Западен Балкан е тест за нејзината глобална амбиција. Доколку Унијата има цел да ја зајакне својата геополитичка и геоекономска позиција, таа мора да започне токму од регионот.
„Кредибилитетот на Унијата не се гради само преку зборови, туку со конкретни дела. Европа мора да преземе поголема одговорност за регионот, но истовремено и ние во Западен Балкан мораме да ја разбереме оваа реалност и да го направиме нашиот дел“, истакна тој во своето обраќање
Македонија
(Мапа) Познато е каде ќе се движат граѓаните на денешниот протест за Фросина – почнува во 17 часот
Денеска во 17 часот ќе се одржи голем протест во Скопје под паролата „Секој еден може да е следен“. Протестот ќе почне пред Универзалната сала, а потоа насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
„Ги повикуваме сите загрижени граѓани да излезат и да го изразат својот револт кон системот, кој одново потфрли. Колку несреќи треба да се случат за одговорните да ја сносат својата одговорност? Колку пати треба да се докаже дека улиците се небезбедни, пред да се интервенира во урбаната инфраструктура? До каде ќе оди преќутното одобрување и возвишување на девијантното однесување?
Заедно ќе бараме одговори на овие прашања на денешниот протестен марш. Почнувајќи пред Универзална сала, преку Собрание, Основното јавно обвинителство и завршувајќи пред Кривичниот суд, институциите мора да го слушнат гласот на народот. Освен до институциите, мора да се прати јасна и недвосмислена порака и кон секој од нашето општество, дека дивјачкото однесување МОРА да се осуди и да се направи сѐ, за во иднина да нема потреба од ваков протест“, пишува во објавата на иницијативата „Кој е следен?“.
Македонија
(Фото+видео) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога
Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце, кажа денеска на прес конферанција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб“, рече Лефков.
„Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом. Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има“, заклучи пратеникот Лефков.