Македонија
Иванов побара од Баросо употреба на придавката „македонски“ во извештаите на ЕК
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов на попладневното предавање кое го одржа заедно со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо побара почитување и употреба на името на нашиот јазик и на придавката „македонски“ во извештаите на Европската комисија.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов на попладневното предавање кое го одржа заедно со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо пред студентите во хотел „Горица“ побара почитување и употреба на името на нашиот јазик и на придавката „македонски“ во извештаите на Европската комисија.„Како и сите мои сограѓани, јас бев длабоко вознемирен од именувањата на македонскиот јазик во извештајот, не како македонски, туку како „државен јазик“, „официјален јазик“ и „локален јазик“. Од друга страна, именувањата на другите јазици коишто се зборуваат и се признати во Република Македонија (на пример, албанскиот или ромскиот јазик) се правилно наведени во извештајот со нивните точни имиња“ рече Иванов.Тој истакна дека ова е петта последователна година во која ЕК внимателно го избегнува користењето на термиинот „македонски“ при описите во извештајот и рече дека ова не е пракса во извештаите за напредокот на другите земји. „Во годишниот Извештај за напредокот на Албанија, придавката „македонски“ се употребува за точно да се опише македонското малцинство. Дали не е занемарување на реалноста Македонците да бидат признати во нашето соседство или каде и да живее нашата дијаспора во светот, додека истите Македонци не се регистрираат во Република Македонија? “ рече Иванов. Тој испрати апел до Баросо да го преземе водството за надминување на овој, како што рече неправеден пристап којн Македонија.Еден од присутните студенти на предавањето го праша претседателот на ЕК, зошто не го употреби името на државата Република Македонија, на што Баросо рече причината е што сака да види решение за овој проблем. „Причината поради која не го споменав името на вашата земја како што вие го употребувате и како што некогаш го употребуваат другите е бидејќи јас сакам да видам решение за овој проблем и навистина мислам дека повеќе ќе придонесам кон решение доколку побараме конкретно да се реши формата и обликот на вашето име. Верувам дека суштината на проблемот е поважна од формулацијата која што може да ја употребиме, денес овде или од друго место“ рече Баросо.Тој уште еднаш повтори дека токму сега е време да се најде решение за името.„Премиерот на Грција, Папандреу ме увери за неговата лична заложба да се изнајде решение. Ова е можност која не смее да се испушти. Како што знаете, политичка реланост е дека решението навистина ќе ве зајакне и ќе ви го забрза процесот на пристапување. Јас многу добро разбирам колку е голема чувствителноста кон ова прашање и навистина кон сите прашања кои се поврзани со идентитетот. Знам за историјата, знам колку се длабоки емоциите за ова прашање, тоа го почитувам навистина многу. Но дозволете ми да ви дадам еден пријателкси совет. Решето го проблемот сега“ порача Баросо./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.