Македонија
Притвор за второосомичениот за убиството во ГУЦ, по убиецот се трага
Истражен судија му одреди петнаесетдневен притвор на второосомничениот за насилство, а по шеснаесетгодишниот осомничен за убиството во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ полицијата се уште трага.
Истражен судија му одреди петнаесетдневен притвор на второосомничениот за насилство, а по шеснаесетгодишниот осомничен за убиството во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ полицијата се уште трага.
Според полицијата, причините за инцидентот биле банални. Ученикот кој го преживеа нападот, седумнаесетгодишниот Дарко имал недоразбирања со второосомничениот кој сега е во притвор и кој исто така е ученик во ГУЦ. И двајцата осомничени се од македонска националност.
Пред неколку недели второосомничениот го нападнал Дарко пред неговата девојка со шамари во населбата каде што живее.
На денот кога се случи убиството, се виделе во училиштето и почнале меѓусебно да се провоцираат.
По извесно време второосомничениот се вратил во училиштето со уште едно лице, кое сега е осомничено за убиство и во училишниот двор со тупаници и клоци го нападнал Дарко кој почнал да бега кон влезната врата во училишната зграда. Во меѓувреме Мухамед Али Јашари се стрчал да му помогне на Дарко.
Обезбедувањето на училиштето го забележало инцидентот и тргнале кон напаѓачите. Тие почнале да бегаат, а еден од нив, кој сега е во бегство замавнал кон Јашари со предмет кој бил сличен на метална шипка. Од ударот Јашари паднал на земјата, а напаѓачите избегале.
Веднаш по смртта на детето од Ургентниот центар изјавија дека детето било примено со удари во главата од тап предмет и дека кога било примено немало пулс.
По инцидентот во медиумите се појавија информации дека, детето боледувало од ретка болест, која би можела да биде причина за неговата смрт.
Од Судска медицина велат дека ова не се нивни информации и дека точните причини на смртта на детето утре ќе ги соопшти истражниот судија.
Деветнаесетгодишниот Мухамед Али Јашари од Кондово во петокот се обиде да го спаси својот соученик – Македонец, но смртно настрада.
Од почетокот на годинава неколкумина ученици беа прободени со нож по училиштата низ Скопје. Градот Скопје воведе и физичко обезбедување во училиштата, видео надзори и дежурни наставници, но и покрај ова трагедијата не беше избегната./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

