Македонија
Откриен илегален бутик и во Битола
Во приватна куќа во Битола, припадниците на царинските службеници од Одделението за истраги, откриле уште еден нелегален бутик за облека, во кој била изложена разновидна текстилна стока.
Во приватна куќа во Битола, припадниците на царинските службеници од Одделението за истраги, откриле уште еден нелегален бутик за облека, во кој била изложена разновидна текстилна стока.Како што информираат од Царинската управа, претресот бил извршен минатиот петок, а по наредба издадена од истражен судија од Основен суд во Битола, поради сомневање дека сопственикот на куќата се занимавал со продажба на криумчарена стока од познати брендови.При претресот на домот биле пронајдени и привремено задржани 963 готови текстилни производи: фармерки од тексас и сомот „Левис“, како и јакни од сомот, кошули од сомот, машки кошули од платно со постава, машки и женски кожни јакни, женски костуми и женски фустани.Според првичната процена на царинските службеници станува збор за криумчарена стока со поголема вредност за што по завршувањето на предистражната постапка, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава. Во март при претрес на стан импровизиран бутик во стан во скопската населба Ново Лисиче, беше откриено поголемо количество брендирана облека од марките ,„Hugo Boss“, „Armani“,„D&G“, „Cavalli“ „Profilo“, „Versace“, „ Valentino“ и други познати светски брендови./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

