Македонија
За да продолжи судскиот спор Велес против Државата, неопходни се 50 илјади евра.
„Зелената коалиција“ и Општина Велес за да ја продолжат тужбата против Република Македонија за тридецениското загадување на почвата од тешки метали од Топилницата, потребно е да обезбедат 50.000 евра.
„Зелената коалиција“ и Општина Велес за да ја продолжат тужбата против Република Македонија за тридецениското загадување на почвата од тешки метали од Топилницата, потребно е да обезбедат 50.000 евра.
Овие средства се потребни за да се изврши вештачењето што треба да го сторат експерти од Технолошко Металуршкиот факултат во Скопје. Ваква одлука донесе велешкиот суд на последното рочиште. За вештачењето со кое треба да се констатира колку е загадена почвата во Велес и неговата околина Зелените немаат 50.000 илјади евра. Токму овие пари се нова пречка во судскиот процес во кој Екологистите и општина Велес ја тужат Државата оти дозволила три децении Топилницата да ги труе жителите и да ја загадува почвата со олово, цинк, кадмиум и други отровни метали. Велешани од Владата не бараат пари, туку да помогне да се ичисти почвата од тешките метали и никогаш повеќе да не дозволи рестартирање на Топилницата. Пред неколку години, во две различно спроведени научни истражувања, од експерти од Технолошко металуршкиот факултет од Скопје беше докажано дека почвата во околината на Велес е загадена од Топилницата за повеќе пати од дозволеното , меѓутоа, за велешкиот суд тие студии биле невалидни. /крај/лисица/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

