Македонија
Сто иседумдесет млн. денари условни буџети ,за шест клиники и една болница.
Шест клиники и Градската болница „8 Септември“ добија условни буџети, но доколку не ги исполнат услугите договорени со Фондот за здравство, ќе им бидат скратени и прераспоредени во други здравствени установи.
Шест клиники и Градската болница „8 Септември“ дoбија условни буџети, но доколку не ги исполнат услугите договорени со Фондот за здравство, ќе им бидат скратени и прераспоредени во други здравствени установи.
За новите распределби на вкупно 170 милиони денари, денеска информираше , финансовиот директор на Фондот за здравство, Тања Лукановска.
Највисок условен буџет доби Клиниката за торакална и васкуларна хирургија , на која Фондот и’ обезбеди 20 милиони денари, но за да ги задржи парите ќе треба да направи неколку операции на екстремитети, неколку торакални интервенции, како и лекување на карцином на хранопроводник и на белите дробови.
Клиника за детска хирургија доби околу 17 милиони денари, а Фондот се договорил за тие пари да извршат 15 пресадувања на бубрег и две трансплантации на црн дроб.
За Клиника за детски болести, обезбедени се дополнителни 15 милиони денари а со овие средства се очекува да се обезбеди лекување за сите дечиња кои боледуваат од цистична фиброза, како и деца кои се третираат со хормонот за раст кои ги има околу сто.
Клиниката за уво нос и грло, од вкупното зголемување за осум милиони денари, предвидено е да изврши осум интервенции за вградување на кохеарен имплант, со што Фондот очекува листата на деца кои чекаат комплетно да биде покриена.
Клиника за урологија буџетот го зголеми за пет милиони, за кои ќе мора да извршат 15 трансплантации на бубрези.
„За делот од очната хирургија ,договоривме дека минимум 30 отсто од сите лекувања на катаракта, ќе треба да се изведуваат по факометода, којашто е посовремена и се применува секаде во светот. Определена е точна динамика на пациенти која на квартално ниво ќе треба да се лекуваат во Очната клиника и болницата „8 Септември“, рече Лукановска.
Имено, од вкупно 2.800 катаракти на годишно ниво кои беа оперирани во претходната година, околу 1960 ќе бидат задолжени да бидат спроведени со факометода./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

