Македонија
ДОМ: Правилникот на СРД ќе фрли темна дамка на изборите

ДОМ денеска излезе со став дека Советот за радиодифузија со воведувањето на Правилникот се става во улога на цензор и дека ја нарушува слободата на медиумите и правото на објективно информирање.
ДОМ денеска излезе со став дека Советот за радиодифузија со воведувањето на Правилникот се става во улога на цензор и дека ја нарушува слободата на медиумите и правото на објективно информирање.
„Со воведените ограничувања, на медиумите им се остава слобода граѓаните да ги известат само за временската прогноза, а не и за другите сфери од живеењето. Со тоа Советот се става во улога на цензор, кој врз основа на двосмислени и нејасни одредби може да пропише казна за секој медиум“, истакна портпаролот на ДОМ, Тони Ристов.
Со Правилникот според ДОМ ќе се направи невиден пример на уривање на слободата и правата на новинарите и за кршење на правата и слободите на граѓаните, кои, како што рече Ристов треба предизборните кампањи да ги преспијат и да се разбудат на почетокот на изборната кампања кога партиите ќе имаат право на платена политичка програма.
„Правилникот на СРД ќе фрли темна дамка на претстојните предвремени избори и негативно ќе се одрази на сликата за Македонија во светот“, рече Ристов./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)