Македонија
ЕУ додели 600.000 евра за Собранието
Европската Унија преку ИПА фондовите додели 600.000 евра наменети за зајакнување на институционалниот капацитет на Собранието со цел подобрување на неговата транспарентност и одговорност пред граѓаните.
Европската Унија преку ИПА фондовите додели 600.000 евра наменети за зајакнување на институционалниот капацитет на Собранието со цел подобрување на неговата транспарентност и одговорност пред граѓаните.Евроамбасадорот во Македонија Петер Соренсен, денеска рече дека техничката подршка треба да ја зајакне работата на Собранието и да помогне во работењето на стручните служби, комисиите и останатите вработени, за потоа да можат да достават извештаи до парламентарците по прашањата за Европската Унија. „Сите овие полиња се опфатени со техничката подршка на Парламентот. Секоја година законодавната работа на Собранието се зголемува и јасно е дека собраниските комисии ќе треба да ги подготват, разгледуваат и да дискутираат за закони кои се значајни за прифаќање на европската агенда“, рече Соренсен. Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, рече дека проектот во голема мера треба да овозможи размена на искуства во однос на фазата пред пристапување во Европската унија.„Убеден сум дека колегите од парламентите на Латвија и Унгарија несебично и целосно ќе им помогнат на колегите во собранието на Р. Македонија со нивните знаења и практични искуства што ги стекнале на патот кон ЕУ“, рече Вељановски.Проектот го поздрави и Вицепремиерот Васко Наумовски и додаде дека 2,4 милиони евра од ИПА фондовите освен за Собранието ќе бидат искористени и за народниот правобранител, Стратегијата за Ромите и Агенцијата за заштита на личните податоци.Проектот „Техничка помош за Парламентот“, финансиран од ЕУ, започна во јануари 2011 а ќе трае 18 месеци до јули 2012 година. Финансиран е од фондовите ИПА 2008. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Центар утре без вода
Делови од Карпош и Центар утре ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и Канализација.
„Поради промена на вентил ф-2 на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10,12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Центар)“, се наведува во соопштението.
Македонија
Михајлов: Со над 7 милиони евра финансирани се 148 проекти во рамки на „Еразмус +“
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска ги презентираше резултатите од спроведувањето на програмите на Европската унија „Еразмус +“ и „Европски солидарен корпус“ во 2025 година. Податоците покажуваат 95% искористеност на расположливиот буџет и успешна имплементација на бројни проекти за вмрежување на корисници од Македонија со партнери од други европски земји.
В.д. директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, информираше годинава со над 7 милиони евра финансирани се 148 проекти со кои, пак, опфатени се 2079 корисници.
„Најголем дел од проектите се однесуваат на хоризонтални приоритети, нови методи на учење и работа, вештини и компетенции за дигитална писменост, инклузија и ментално здравје. Проектите се реализираа во соработка со партнери од земјите од регионот, но и од Франција, Белгија, Австрија, Португалија, Полска, Финска, Германија и други“, рече Михајлов.
Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска изрази благодарност до сите кои се заложија да изработат проекти за поддршка и развој на образованието, обуката, младите и спортот.
„Финансирани се квалитетни и корисни проекти и јас ги повикувам досегашните корисници да ги задржат интересот и заложбата на исто ниво и следната повторно да аплицираат за поддршка преку овие програми, кои се исклучително значајна компонента на севкупната национална стратегија за интеграција на македонскиот образовен систем во европскиот образовен простор“, рече Ивановска.
Информираше дека буџетот за следната година достапен преку овие две програми, ќе биде најголем досега и ќе изнесува над 8,17 милиони евра, односно за 430 илјади евра повеќе од 2025.
„Очекувам од Националната агенција да ги интензивира активностите за запознавање и на што повеќе нови, потенцијални корисници низ државата – ученици, студенти, наставно – научни работници, истражувачи, образовни институции, компании, граѓански здруженија, волонтери, младински работници и така натаму, а Министерството за образование и наука како национален авторитет за програмите, ќе помогне во тоа. Важно е да има промотивни теренски кампањи во соработка со локалните самоуправи, да има отворени инфо денови, конференции, медиумски кампањи и така натаму, бидејќи и Европската унија сосема разбирливо очекува висока транспарентност и голема инклузивност“, рече Ивановска.
На конференцијата позитивни практики од реализирани проекти презентираа Филозофскиот факултет во Скопје, средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје, Карате федерацијата на Македонија, Сојузот за младинска работа, Здружение за развој на ромската заедница „Сумнал“ и други корисници на средства во рамки на програмите.
Македонија
На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен
Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти ТАВ Македонија.
„Од 20:00 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12:00 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна откажани се следниве 3 лета во пристигнување Белград, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205). Пренасочен е еден лет во пристигнување: Франкфурт-Хан. Откажани се следниве 5 лета во заминување: Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205)“, се наведува во соопштението.
Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање.
„Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат“, се наведува во соопштението.
ТАВ известува дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај.
Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што стигнуваат од авиокомпаниите.
Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.

