Македонија
Кампања за „Безбедни матурски вечери“
Поднапиени матуранти кои често започнуваат тепачки, управување на автомобили по дејство на алкохол. Ова е одлика на матурските прослави. Одделението за превенција
Поднапиени матуранти кои често започнуваат тепачки, управување на автомобили по дејство на алкохол. Ова е одлика на матурските прослави. Одделението за превенција при СВР Скопје започна кампања под името „Безбедни матурски вечери“, во која ќе бидат вклучени сите училишта во Скопје.
Од одделението не излегоа со конкретни бројки, врз основа на кои што ги започнале овие активност. Велат бројките ги натерaле да започнат една ваква кампања, но не можеле да кажат конкретни бројки.
„Со цел намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир, управувањето на автомобили под дејство на алкохол за време на прославата на матурските вечери и оваа година започнува активноста за Безбедни матурски вечери и ќе продолжи се до завршувањето на прославите на матурските вечери“ изјави Ристо Јованоски инспектор во одделението за превенција при СВР Скопје.
Ова е трета година по ред откако започна да се спроведува оваа кампања./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

