Македонија
Уапсен еден од разбојниците кој учествувал во грабежот во Тетово
Уапсен е еден од разбојниците кој учествуваше во крвавиот грабеж што се случи во саботата во Тетево кога беше застрелан еден од разбојничката група, а сопственикот на златарницата и еден полицаец беа ранети.
Уапсен е еден од разбојниците кој учествуваше во крвавиот грабеж што се случи во саботата во Тетево кога беше застрелан еден од разбојничката група, а сопственикот на златарницата и еден полицаец беа ранети.
Станува збор за дваесет иосумгодишниот И.Р. Од Скопје викан „Кока“ кој бил баран со потерница за издржување затворска казна, а бил осуден за кражбата во „Прокредит банка“ во 2009 година, како и разбојништвото врз тарнспортот на пари на „Македонски пошти“ на улица „Цветна Димов“ од 2008 година.
Полицијата го привела завчера по пријава на граѓанин во полициската станица Јегуновце. Тој им кажал на полицајците дека на земјениот пат покрај реката Вардар забележал непознато лице кое на македонски јазик го прашало каде е границата за на кај Косово и му побарал вода за пиење.
Полициската патрола веднаш била известена, по што се упатиле на наведеното место од граѓанинот и го уапсиле лицето кое немало никаков документ за лична идентификација.
Во првичниот разговор со полицијата лицето се претставило како Енвер Арифи роден во Урошевац во Косово и дека тргнала да ја посети неговата тетка која живела во Чаир. Тој ги лажел полицајците дека тргнал од Урошевац кон село Глобочица и со уште едно лице, Муарем илегално ја преминале државаната граница на село Јажинце.
Кога влегле во шумата, Муарем му рекол да се сокрие од полицијта, по што се разделиле.
Но утредента, полицијата го идентификувала и утврдила дека по „Кока“ имало распишано централна потерница за издржување казна затвор во траење од 11 години за разбојништво.
Лицето коешто почина во престрелакта носело прекрар „Мал талибан“. И тој е осомничен за разбојништва, и тоа врз возилото на Комерицијална банка, во 2007 година кога беше убиен еден член од обезбедувањето. И двајцата се наоѓале на спискот на криминалци, кој што нашето МВР му го предаде на косовското МВР,
Во саботата група од седум до осум разбојници ја ограбија златарницата „Исак“ во Тетово, го ранија сопственикот и избегаа. Кај Јегуновце беа пресретнати од полицициска патрола, по што почнала престрелак меѓу двете групи. Во неа, бепе застрелан еден од разбојниците, а еден полицаец беше полесно повреден. Полицијата се уште трага по останатите разбојници од групата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

