Македонија
Рикер: Улогата на новинарите не се смени, се сменија условите во кои работат
Дигиталното време не ја промени важната улога на новинарството, се променија условите во кои работат новинарите
Ова го истакна амбасадорот на Македонија во САД, Филип Рикер на дводневната конференција за медиуми “Предизвиците на современото новинарство во дигиталното време”.„Денес, две милијарди луѓе имаат пристап до интернет. Македонија со популација од 2 милиони жители има 800.000 профили на Фејсбук. Твитерот зема сè поголем замав. Луѓето во Македонија демонстрираат колку моќни можат да бидат овие медиуми. Важната улога на новинарството не се промени, се променија условите во кои тие работат. Како тогаш да се најде баланс меѓу независноста, интегритетот, непристрасноста и критичките анализи со потребата да се инволвира јавноста во преносот на информациите. Факт е дека вие, припадниците на медиумите не сте заедница сама за себе, туку претставувате важен мост меѓу јавноста и лидерите во општеството “ рече Рикер. На конференцијата учествуваа експерти за медиуми од САД, како и експерти и новинари од регионот, поточно од Бугарија, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, за да дискутираат за влијанието на новата технологија во медиумската сфера, а и да споделат искуства и совети за тоа како најдобро да се искористат најновите дигитални ресурси.Конференцијата ќе биде затворена утре со концерт на музичкиот бенд „Репортери“ кој што е составен од пет новинари од Македонија, кои во Капан ан ќе свират во името на “Слободата на медиумите во дигиталната ера.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре
Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија.
„По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата. Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон. Copy-paste сценарио по рецепт на СНС“, велат од СДСМ.
Споредпартијата, целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.
„Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други. Затоа: Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството. Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО. Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата. И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери. Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти. СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, се наведува во соопштението.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.

