Македонија
Катастарот со нова интернет услуга
Агенцијата за катастар на недвижности денеска ја презентираше новата интернет услуга, преку АКН – ГИС порталот кој на корисниците ќе им овозможи јавен пристап до податоци од Катастарот на недвижности, вклучувајќи и графички приказ на локација и 2Д и 3Д приказ на теренот и објектите.
Агенцијата за катастар на недвижности денеска ја презентираше новата интернет услуга, преку АКН – ГИС порталот кој на корисниците ќе им овозможи јавен пристап до податоци од Катастарот на недвижности, вклучувајќи и графички приказ на локација и 2Д и 3Д приказ на теренот и објектите. АКН – ГИС порталот претставува географски информационен систем со податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, кој дава можност за увид и пребарување во графичката база на податоци по број на парцела или преку пребарување на графичките податоци да се дојде до бројот на парцелата и бројот на имотниот лист. „Воведување на услугата АКН – ГИС портал со 2Д и 3Д функционалности овозможува лесен пристап до податоците за недвижностите од Катастарот на недвижности за целата територија на Македонија“ – истакна на презентацијата на услугата Љупчо Георгиевски, директор на Агенцијата за Катастар на недвижност.Според Елизабета Дукадинова од Катастарот за недвижности овој систем ќе им овозможи на потенцијалните инвеститори од било каде, да дојдат до погодни информации за локацијата каде сакаат да ја реализираат својата инвестиција. „Преку системот можат да ја видат конфигурацијата на теренот, рељефот, поставеноста на самата локација, инфраструктурата. Едноставно со кликнување на парцелата да видат кој е запишан како носител на правата на сопственост за таа парцела во Катастарот на недвижности. Системот овозможува да се види конфигурацијата на теренот, да се види колку е таа локација оддалечена од некој градежен реон доколку истата се наоѓа надвор од населено место, односно да се види самиот приод до локацијата“ – рече ДукадинаоваПорталот исто така нуди преглед, навигација и увид во целата графичка база на податоци. Увид во ортофото и топографски карти, во различни размери и години на снимања, читање и преземање на точки од геодетската мрежа за различни геодетски мерења, увид и пребарување, можност за креирање на сопствена геометрија и размена на документи, можност за координати за било која точка од територијата на Македонија, односно парцелата да се лоцира на графиката преку координати добиени со ГПС уред. Пристапот до порталот е преку веб страницата www. кatastar.gov.mk. Се пристапува без најавување и бесплатно, а податоците се ажурираат на секои 24 часа.Од почетокот на оваа година Агенцијата за Катастар на недвижности ги стави во употреба услугите Увид во статусот на поднесеното барање, Увид во податоците од катастар на земјиште наменет за сите приватни геодетски фирми и Електронски шалтер за поднесување барања по електронски пат. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

