Контакт

Македонија

Кодексот за фер и демократски избори – потпис само на хартија?

Објавено пред

Партиските лидери денеска го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори, но речиси сите опозициони лидери стравуваат дека ова потпишување ќе остане само на хартија со оглед на тоа дека уште пред да почне изборната кампања, гласачите се изложени на притисок и злоупотреба.

dobivaj vesti na viber

Партиските лидери денеска го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори, но речиси сите опозициони лидери стравуваат дека ова потпишување ќе остане само на хартија со оглед на тоа дека уште пред да почне изборната кампања, гласачите се изложени на притисок и злоупотреба.

Сите ветија дека партијата од која доаѓаат ќе се однесува согласно напишаното во Кодексот, но изразија сомнеж за однесувањето на другите политички партии.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски и лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи по потпишувањето на Кодексот не дадоа изјава за медиумите. Лидерот на најголемата опозициска партија, Бранко Црвенкоски потпишувањето на ваквиот Кодекс од страна на Груевски го оцени како врв на лицемерието.

„Сведоци бевме на еден скандал којшто беше поткрепен со аргументи за груба злоупотреба на вработените во државната администрација кои се користат со закани, заплашувања, притисоци се со цел да се натераат луѓето да гласаат за владејачката партија. Тоа го нема никаде не само во историјата на Македонија, туку никаде во Европа, можеби во Белорусија, но за такво нешто не сме слушнале. Се’ додека не се разоткријат виновниците се додека не се понесе одговорност ќе стои една голема дамка на претстојните парламентарни избори“, изјави Бранко Црвенковски.

Тој вели дека Груевски потпишува едно, а во практика прави друго. Обвини дека ја злоупотребува позицијата на власт,  врши притисок во вработените во администрацијата,  користи буџетските пари за свое промовирање.

„Во овие денови се случи и данок во крв со губење на животите на работници од проектот Скопје 2014, а тоа покажува дека безбедноста на работниците е на последно место. Се прави се’ само да му се овозможи на Груевски пред изборите да исече уште некоја лента и да закачи уште некоја панделка, а тоа со фер  и демократски избори нема никаква врска“ додаде Црвенковски.

И од Социјалдемократската унија велат дека граѓаните се сведоци на едно огромно лицемерие, особено од големите политички структури.

„Имавме едно флагрантно кршење на изборниот законик на правилата на фер и демократски избори. Ние како СДУ ќе се придржуваме кон одредени норми европски норми на однесување меѓутоа очигледно е дека нема да бидеме оптимисти дека тоа ќе биде остварено од другите политички субјекти“, изјави Лазар Еленовски.

„Се надевам дека ова потпишување нема да остане само на хартија. Сите досегашни индикации покажуваат дека се врши брутален притисок врз гласачите, дека се ставаат на списоци. И ние Демократската десница имаме такви списоци кои што се дадени на увид до ДИК. Очекуваме ДИК да се произнесе, бидејќи ова е најсериозен проблем, затоа што конкретни докази стојат на маса и истите се испратени до меѓународните институции“ изјави Филип Петровски од Демократска Десница.

„Овој кодекс претставува повеќе морален чин за нас како претседатели на партии, учесници во изборниот процес. Она што се случува на терен и она што се случува пред македонската јавност  е сосема друга слика“ рече Марјан Додовски од ВМРО- Народна партија.

Имер Селмани од Нова демократија изјави дека гарантира дека нивните активисти ќе направат се, изборите да бидат фер и демократски.

„Апелирам до сите граѓани масовни да излезат и да гласаат. Да не остават никаков простор, нивниот глас да се манипулира и се злоупотребува“ рече Имер Селмани од НД.

За Либерално-демократската партија оценува дека потпишувањето на Кодексот е тажен фактор за Македонија.

„Во Македонија и по 20 години независност ни се потребни странци за да ги седнат политичките лидери и да потпишат кодекс. Овој тажен фактор е непогрешлив индикатор дека за жал нашето општество стои во место, нивото на политичка култура и демократска зрелост е се уште ниско и, за жал, се’ уште ни се потребни тутори. Токму овој тажен факт треба да ги мотивира граѓаните и ова 20 годишно стоење во место на 5 јуни да го казнат и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ коишто се најодговорни за ова стоење во место да бидат казнети на изборите“, рече Јован Манасиевски од ЛДП.

И Амди Бајрам од Сојузот на Ромите изрази надеж дека во Македонија ќе има коректни и фер избори.

„Знаете дека секогаш се случуваат проблеми кај Ромите.  Сите ромски политички партии сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, само една е отидена во коалиција со СДСМ. Мислам дека и тоа ќе биде средено“, рече Амди Бајрам.

„Либералната партија со задоволство го потпишува овој кодекс, како партија која никогаш не учествувале во притисоци и изборно насилство. Веруваме дека со нашата работа докажуваме дека во Македонија не само што мора, Македонија може и поинаку“, изјави Ивон Величковски од ЛП.

Од Националниот демократски институт, организација која ја спроведува кампањата  за донесување Кодексот, велат дека политичките партии по овој потпис треба да обезбедат фер и демократски избори.

„Во политиката треба да работиме со реалноста, но и со перцепциите. Има одредени перцепции дека овие избори нема да бидат фер и слободни. Но утринава се случи една реалност. Сите поканети политички лидери дојдоа и го дадоа својот потпис. Реалноста е позитивна. Сега политичките партии треба таа перцепција дека изборите нема да бидат фер и демократски да ја претворат во позитивна реалност односно да обезбедат изборите да бидат фер“ рече Крис Хеншоу од НДИ. Кампањата е финансирана од УСАИД.

Македонските граѓани на 5 јуни ќе гласаат на предвремените парламентарни избори./крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.

Сите патни правци во државата се проодни.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно и релативно топло

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.

dobivaj vesti na viber

На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.

Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.

Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија5 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија6 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија7 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија8 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија9 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет9 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија10 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет11 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет12 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион12 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет12 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа12 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет12 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 ден

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...