Македонија
Георгиевски: Сé повеќе се манипулира со спорот со името
Проблемот со името се повеќе е предмет на манипулација со јавноста, смета Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-Народна партија
Спорот со името е една од темите за кои Љубчо Георгиевски, заедно со партискиот претседател Марјан Додовски во четвртокот разговараа со американскиот претседател Филип Рикер. Георгиевски останува на ставот дека следната влада треба да добие мандат и за затворање на ова прашање со Грција.„Не можам да не ја прокоментирам завчерашната изјава на господинот Ѓорге Иванов дадена во Женева. Тој буквално во една реченица кажа дека тој е против географска додавка на името Република Македонија, меѓутоа во истата реченица уште еднаш потврди дека Република Македонија дала согласност за Република Македонија (Скопје), на што јас веќе навистина не знам што да кажам. Иванов како претседател е против географска додавка, меѓутоа не му пречи топонимска додавка. Треба некој да му објасни дека топографијата е дел од географијата, така што навистина не знам дали државните функционери се зафркаваат со Република Македонија и со интелигенцијата на овој народ. Така што, навистина сметам дека името се’ повеќе станува предмет на манипулација и ние стоиме цврсто на позиција дека овие избори треба да дадат политичко решение на тој проблем“, изјави Геогриевски.Посочи дека главна тема на разговорот со амбасадорот Рикер биле престојните парламентарни избори. Од американска страна, пораката била дека не треба да се толерира каков и да е обид за нарушување на изборниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во Идризво ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во Идризово, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во Пулс.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа низ Кочани.
Македонија
Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“
Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не биле негови, кажа на деншеното судење неговиот бранител Насер Рауфи.
Сопственикот на телефоните и на компјутерот самиот се пријавил и признал дека се негови.
„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска неговата забелешка ја внесе во записникот.
Пред почетокот на минатото судење таа го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни оти во неговата ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп.

