Македонија
ТИ: Граѓаните од средниот слој повеќе изложени на корупција
Граѓаните од средниот слој со вишо и високо образование од урбани средини се посвесни за своите права, но исто така и повеќе изложени на корупција. Ова е заклучокот од Транспаренси интернешнл
Претседателката на ТИ, Слаѓана Тасева информираше дека граѓаните од средниот слој се исто така и помалку расположени да земат учество во коруптивните процеси.Иако лицата од машкиот пол се’ уште доминираат, се забележува благ пораст на претставки на лица од женски пол.Најголемиот број на претставки доставени од граѓаните до оваа невладина организација за борба против корупцијата се поврзани со правосудството, попрецизно со судовите.Потоа следат претставки во врска со имотот и приватизацијата, а се забележува и благ пораст на претставки поврзани со даноците и даночните органи.„Во најголем број на случаи граѓаните сметале дека се жртви поради прекршување на правните правила во врска со права кои им припаѓаат во судски, имотно правни прашања и даноци. Ова се најчестите полиња каде граѓаните сметале дека поради корупција се повредени нивните права“, изјави Тасева.Најзастапена област во која граѓаните се засегнати е правосудството, и како што рече Тасева, ова се однесува за сите возрасни групи и според пол и според урбаната средина.„Граѓаните во голем број на предмети забележуваат дека иако сите се исти пред законите, во судовите законите не се применуваат исто за сите“, истакна Тасева, притоа презентирајќи еден случај, кај што невладината организација мисли дека постои простор за сомнеж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во Идризво ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во Идризово, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во Пулс.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа низ Кочани.
Македонија
Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“
Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не биле негови, кажа на деншеното судење неговиот бранител Насер Рауфи.
Сопственикот на телефоните и на компјутерот самиот се пријавил и признал дека се негови.
„По вашата забелешка на минатото судење дека Камбери внел телефони, во меѓувреме детектиран е сопственикот на телефоните и лаптопот од страна на затворот, и не е Камбери. Го молам судот да се обрати до затворот за таа информација“, рече адвокатот Рауфи.
Судијката Диана Груевска-Илиевска неговата забелешка ја внесе во записникот.
Пред почетокот на минатото судење таа го предупреди обвинетиот Камбери дека му следи самица и други казни оти во неговата ќелија биле најдени 13 мобилни телефони и еден лаптоп.

