Македонија
Стартува предизборната кампања
Од вечерва официјално започнува предизборната кампања за вторите по ред предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5. jуни.
Од вечерва официјално започнува предизборната кампања за вторите по ред предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5. jуни. Партиите и коалициите наредниве 20 дена ќе можат пред граѓаните да ги претстават своите програми и кандидати и да образложат пред граѓаните зошто ја бараат довербата од нив.ВМРО-ДПМНЕ првиот митинг традиционално ќе го одржи во Охрид, а СДСМ најавија протестен собир пред Владата. ДУИ изборниот карван ќе го почне од салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а ДПА од Кондово. Кампањата ќе трае до 3. јуни на полноќ. Завршните митинзи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одржат во Скопје, а ДУИ во Тетово. Денот пред изборите односно 4.јуни е предизборен молк. Гласачките места треба да бидат отворени на 5. јуни во 7 часот, а затворени во 19 часот. На овие избори граѓаните ќе можат да изберат една од 18-те кандидатски листи.Изборите ќе бидат спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни единици на територијата на земјава и три за македонските граѓани кои живеат надвор од држава. Минатата недела 30 политички партии потпишаа Кодекс на однесување за време на парламентарните избори со цел спроведување на фер и демократски избори.Изборите според она што досега е најавувано, треба да ги набљудуваат 332 претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР и 3.500 на граѓанската асоцијација МОСТ. Одлуката за самораспуштање на последниот шести собраниски состав (кој, исто така, беше избран на предвремените избори пред три години), беше донесена вечерта на 14 април со 79 гласови „за“, ниту еден против или воздржан. Освен владејачкото мнозинство, споменатата одлука ја поддржаа и дел од опозицијата – од ЛДП, ДПА и Нова демократија. СДСМ, НСДП, ЛП и Нова алтернатива (кои од 26 јануари го бојкотираат Собранието) не дојдоа ниту на последната собраниска седница. Собранискиот спикер Трајко Вељаноски ја потпиша наредниот ден на 15 април. Новиот парламент, кој треба да се конституира најдоцна до 25 јуни, првпат ќе има 123 пратеници – 120 и тројца од дијаспората, по еден од Европа, Америка и Австралија. Претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, треба да го довери мандатот за составување нова Влада на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во парламентот. Мандатарот најдоцна во рок од 20 дена треба на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на новата влада. Ако се оди со крajните рокови пропишани во Уставот и во Изборниот законик, новиот владин кабинет треба да го добиеме на крајот на јули.Право на глас имаат околу 1,835 милиони граѓани на Република Македонија евидентирани во Единствениот избирачки список.Предвремените избори беа распишани на барање на опозицијата. По неколкуте неуспешни обиди на заедничка маса да се договорат лидерите на политичките партии, премиерот Никола Груевски донесе одлука тие да се одржат на 5 јуни. По воведувањето на политичкиот плурализам, во Република Македонија се одржани пет регуларни парламентарни избори и едни вонредни во 2008. Првите парламентарни избори се одржани кога земјата се уште беше во состав на СФР Југославија во 1990 година , а останатите по прогласувањето на независност во 1991 година. Првите предвремените парламентарни избори се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година
Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за нов договор меѓу Владата и синдикатите УПОЗ и САДУ, за кој Мицкоски оцени дека претставува историски момент, бидејќи, како што рече, никогаш досега немало толку јасен и временски прецизиран план за усогласување на платите и нивно достоинствено ниво.
„Ова е поширок пакет кој ќе ги опфати вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата – вкупно околу 11.000 луѓе. Договорот има рок до 2028 година и претставува целосна регулација на односите меѓу Владата и вработените во овие институции“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
Мицкоски најави дека паралелно ќе се работи и на нов општ колективен договор, во соработка со репрезентативните синдикати ССМ и КСС.
Македонија
Нелегален објект на аеродромот Стенковец, Николоски соопшти дека ќе бара конфискација
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека ќе почне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
„Во координација со повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на аеродромот Стенковец – ќе се започне постапка за конфискација на објектот кој е целосно нелегално изграден на државно земјиште“, објави Николоски на својот фејсбук профил.
Тој информира дека ќе биде побарано од Обвинителството и Судот објектот да се одземе во корист на државата, со намера да се стави во функција на Агенцијата за цивилно воздухопловство – за обука на пилоти и други потреби поврзани со воздухопловниот сектор.
Николоски нагласи дека Министерството за транспорт, како институција надлежна за објекти од прва категорија како аеродроми, болници, универзитети, спортски сали и стадиони, „сериозно пристапува кон решавање на проблемот со нелегално изградени објекти“.
„Ова е јасна порака дека нема да се толерира нелегална градба на места каде што Министерството и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, заклучи вицепремиерот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана Димитријевиќ нека го праша Филипче кој панично ја напушта државата на 2 февруари кон јужниот сосед
Еве прецизен одговор за малиот Димитријевиќ за марихуаната. Одговорите за тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана нека ги постави на Венко Филипче кој е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„Зошто Венко Филипче ја напушта панично државата на втори февруари и се упатува кон јужниот сосед. Дали и каков состанок имал со Зоран Заев? Јавна тајна е дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот со марихуана. Сосема случајно или не, во Струмица се конфискувани над 30 тони марихуана кај лице советник на Заев и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Димитријевиќ претдходно денес, на прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта.

