Македонија
Доделени македонските „геј френдли“ благодарници
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ денеска иронично, по вторпат, ги додели македонските „геј френдли“ благодарници за особен придонес кон еднаквоста на сексуалните малцинства.
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ денеска иронично, по вторпат, ги додели македонските „геј френдли“ благодарници за особен придонес кон еднаквоста на сексуалните малцинства.„Благодарница за ’геј-френдли’ пејач му беше доделена на пејачот Ламбе за изјавата: ’Нема да дозволам да ми се пушти или да ми се приближи некој, ако се случи такво нешто, да ме допре некој, ќе остане без рака’. Благодарница за апликација на современите квир политички стратегии и најангажирана фото-сторија со наслов ’Ороспии со гордост’ му доделуваме на „Вечер“, велат од оваа Коалиција.Тие истакнаа дека годинава на МПЦ решиле да и доделат повеќе благодарници заради иницијативата на МПЦ уставно да се забранат хомосексуални бракови, како и посебна благодарница на г.г. Стефан не само за неговите заложби „да се згрижат хомосексуалците“, туку и за неговата православна теорија на еволуцијата, според која Господ не создал човек од „два машки мајмуни или два женски мајмуни“.„Уште еднаш, на сите споменати им благодариме. Без вашиот придонес, Македонија немаше да успее да го допре дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Ви благодариме, оти без вашиот придонес, немаше зад нас да бидат само Молдова, Белорусија и Украина“, велат од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“.Изјавите беа дадени по повод 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

