Македонија
Хелсиншки: Хомофобијата е државна политика во Македонија
Неспоиви се нашите стремежи за полноправно членство во Европската Унија и коефициент за еднаквост на ЛГБТ луѓето од -2 во Индексот и Мапата на ИЛГА Европа, коефициент кој нè става во иста категорија со државите од
Неспоиви се нашите стремежи за полноправно членство во Европската Унија и коефициент за еднаквост на ЛГБТ луѓето од -2 во Индексот и Мапата на ИЛГА Европа, коефициент кој нè става во иста категорија со државите од блискиот и далечниот исток, сметаат од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.
„Република Македонија e единственa со толку низок коефициент од државите членки и аспирантки за членство во ЕУ. За жал, изминатава година забележуваме регрес во однос на односот на државата кон ЛГБТ луѓето и постигнувањето на еднаквост за сите, вклучувајќи ги и ЛГБТ луѓето“, велат од Хелсиншкиот комитет.
Скоро целосно прекршување на човековите права и дискриминација имало во 14 држави во Европа (вклучувајќи и една членка на ЕУ), кои се наоѓаат во „црвената зона“ а меѓу нив е и Македонија.
Rainbow Europe Мапата на ИЛГА Европа ги вреднува законите и административните практики на секоја европска држава во 24 категории и ги рангира на скала од 17 (највисок коефициент: почитување на човековите права и целосна правна еднаквост за ЛГБТ луѓето) и -7 (најнизок коефициент: целосно прекршување на човековите права и дискриминација на ЛГБТ луѓето). Република Македонија е со коефициент -2. За првпат Мапата и Индексот ги одразуваат категориите кои се однесуваат и на трансродните личности./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

