Македонија
Порибени водите на езерото Матка
Водите на езерото Матка денеска беа порибени со 6 илјади парчиња македонска ендемична пастрмка, Salmo macedonikus како дел од проектот за Порибување и реинтродукција на македонската пастрмка во водите.
Водите на езерото Матка денеска беа порибени со 6 илјади парчиња македонска ендемична пастрмка, Salmo macedonikus како дел од проектот за Порибување и реинтродукција на македонската пастрмка во водите.Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и зголемување на бројноста на популацијата по течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Света Петка и Козјак.Во Проектот за заштита, ревитализација и реинтродукција на македонската пастрмка во водите на Македонија, покрај главниот финансиер ГЕФ (Глобален фонд за заштита на животната средина и природата) и Институтот за сточарство е и Град Скопје кој го поддржа порибувањето со 200 илјади денари .крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

