Македонија
Информации за изборите преку „Мојот избор 2011“
Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС), заедно со Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми(МИМ), ја претставија интегрираната платформа за набљудување на претстојните парламентарни избори, наречена „Мојот избор 2011“.
Македонскиот центар за меѓународна соработка(МЦМС), заедно со Институтот за демократија и Македонскиот институт за медиуми(МИМ), ја претставија интегрираната платформа за набљудување на претстојните парламентарни избори, наречена „Мојот избор 2011“. Со оваа платформа преку сеопфатно содржинско набљудување на изборната понуда и следење на демократичноста на изборниот процес треба да придонесат кон фер и демократски избори. Нивното набљудување ќе се случува преку следење и анализа на изборната програма на партиите, квалитативно набљудување на известувањето во медиумите, набљудување на изборните органи и денот на изборите и интернет набљудување. На граѓаните ќе им бидат понудени споредбени прегледи на изборните програми и содржински анализи на делови од програмите. Ќе се следат теми како невработеност, сиромаштија, корупција, мултикултурно општество, евроинтеграции. Набљудувањето на известувањето во медиумите ќе вклучи три кратки и еден завршен извештај за известувањето на клучните национални медиуми. На веб страницата на „Мојот избор“ ќе се понудат сите информации за изборите на едно место и во соработка со веб порталот „Дејли МК“ ќе се следат сите интернет објави поврзани со изборите. Од МИМ сметаат дека уште на почетокот на изборната кампања има одредени отстапки од професионалното известување во медиумите, но велат дека веќе следната недела ќе излезат со аргументиран извештај. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

