Македонија
Бесплатен телефонски број за пријавување на повредите на избирачкото право
Од денеска во канцеларијата на народниот правобранител, на бесплатна телефонска линија, граѓаните ќе можат да ги пријават повредите на избирачкото право.
Од денеска во канцеларијата на народниот правобранител, на бесплатна телефонска линија, граѓаните ќе можат да ги пријават повредите на избирачкото право.
Народниот правобранител ќе постапува по пријавите на граѓаните за било какви притисоци и злоупотреби на нивното избирачко право за време на предизборниот период и на денот на изборите.
„Избирачкото право е слободно, неповредливо и се остварува непосредно на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да ве повика на одговорност заради гласањето или пак да бара да кажете за кого сте гласале и зошто не сте гласале. Не случајно повредата на слободата на самоопределување и другите повреди се утврдени како казниви дела. Поради тоа, народниот правобранител уште еднаш ве охрабрува да ги пријавувате повредите на вашите права. Слободата на определување и гласање ви припаѓа само вам и никој не смее да ви ги загрози“ рече на прес-конференцијата портпаролот на Народниот правобранител, Уранија Пировска.
По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да се следи стандардната процедура на поднесување на претставките. Пријавите ќе се заведуваат по телефон, веднаш ќе се оди на лице место, ќе се утврдува фактичката состојба и врз основа на тоа ќе се даваат соодветни укажувања.
Народниот правобранител не може да му помогне на граѓанинот да го оствари неговото право, но затоа може на надлежните органи да им укаже, доколку постои можност, органот веднаш да преземе мерки и граѓанинот да го оствари своето право.
Постери со бесплатниот телефонски број, 0800 54321 ќе бидат поставени на сите избирачки места, на сите шест јазици. По поплаките на граѓаните ќе постапуваат шестмина правници.
Во врска со случајот за притисоците во јавната администрација, Пировска вели дека тој случај веќе е пријавен кај нив и е предаден кај јавниот обвинител, кој според нив, треба да постапи по овој предмет./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

