Македонија
Времен сообраќаен режим кај скопски Бит Пазар
Дел од булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар е затворен за сообраќај поради асфалтирање на коловозот, соопштуваат од Град Скопје.
Дел од булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар е затворен за сообраќај поради асфалтирање на коловозот, соопштуваат од Град Скопје.Времениот режим започна во 06:00 часот утрово, а ќе трае до 20:00 часот. Булеварот е затворен од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до клучката „Детелинка“ на Бит Пазар и за оваа делница се воведува привремен режим на сообраќај.Возилата кои што доаѓаат од Чаир кон центарот поради затворање на посочената делница се насочуваат од клучката да се вклучат на булеварот Александар Македонски и десно кај хотелот „Континентал“, преку улицата Беласица да се поврзат на булеварот Гоце Делчев и да се движат до централното градско подрачје.Возилата од правецот на булеварот Никола Карев кон центарот на градот треба да се движат по булеварот Александар Македонски и десно кај хотелот „Континентал“ преку улицата Беласица да се поврзат на булеварот Гоце Делчев и од таму кон централното градско подрачје.Од Градот Скопје апелираат за крајна внимателност на возачите и останатите учесници во сообраќајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

