Македонија
Повторно протести на персоналот од градинките во Скопје и Куманово
Околу педесетина воспитувачки, негователки и технички персонал од градинките во Скопје и Куманово повторно протестираа пред Владата со истите барања за решенија за нивно вработување.
Околу педесетина воспитувачки, негователки и технички персонал од градинките во Скопје и Куманово повторно протестираа пред Владата со истите барања за решенија за нивно вработување. Тие вчера беа примени од Владата која им кажала дека биле пуштени само три решенија. Меѓутоа, тие не се задоволни од таквиот одговор и поради тоа штрајкот го продолжија и денеска.„Како прво да кажам дека вчера не примија во Владата и рекоа дека само три решенија се пуштени вчера. И тоа само за негувателки, а ние сме само четириесетина воспитувачки, негователки и технички персонал од општина Карпош. Значи, ниту едно решение немаат во план изготвено за технички персонал, а со три решенија не се согласуваме, бидејќи е многу малку“ изјави Ванѓа Сидановска, технички персонал од градинката „Пролет“ во Скопје. Таа додаде дека нејзината плата на технички персонал месечно изнесува пет илјади денари и дека Владата најавила дека ќе ги укине и здравствените картони. „Јас како технички персонал земам пет илјади денари и не сум осигурана. Ако како што најави Владата дека и здравствените картони ќе се укинат, па можете да си замислите како ќе истераме ние. Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови“ рече Сидановска. Протести се најавени секој ден од 11 часот се додека не бидат задоволени барањата на персонал од градинките во Скопје и Куманово./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

