Македонија
Розева прошетка, за подигање на свеста за ракот на дојка, ќе се случува третпат
Традиционалната Розева прошетка која има за цел подигање на свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, ќе се одржи во сабота со почеток во 11 часот.
Традиционалната Розева прошетка која има за цел подигање на свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, ќе се одржи во сабота со почеток во 11 часот. Здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со Здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Република Македонија и оваа година по третпат ќе го организираат овој настан.„Со оваа прошетка го славиме животот, им даваме поддршка на оние што се бореле и што се борат со оваа болест, но ги славиме и им даваме почит на оние кои ја загубиле битката со ракот на дојка,“ изјави Биба Додева, претседател на Здружението „Борка“.Повеќе од две илјади учесници пешачејќи три километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка. „Сите се наоѓаме во ист брод, бидејќи секој може да заболи од оваа болест. Апелите за рано откривање и дијагностицирање на оваа болест даваат шанса на животот,“ истакна Славица Спасова, еден од основачите и член на ИО на „Борка“Борците против ракот на дојка, својата прошетка за поддршка ќе ја започнат од Школка – Градски Парк, ќе поминат пред Владата, па преку мостот „Гоце Делчев“ и Камениот мост ќе се спуштат на Кејот на Вардар. Преку паркот, групата ќе се врати на стартот на „Школка“ каде ќе се одржат музички активности. Рутата формира панделка, нивниот заштитен знак во борбата против оваа болест. Годишно во Македонија се регистрираат по 750 случаи на заболени од рак на дојка, или двајца дневно.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

