Македонија
Саем на училиштата во Битола
Денеска во Битола се одржа традиционалниот саем на средните училишта од градот како и приватното основно училиште САБА. Манифестацијата беше во организација на седумте средни, 12-те основни училишта, Одделението за образование и Здружението на просветни работници.
Денеска во Битола се одржа традиционалниот саем на средните училишта од градот како и приватното основно училиште САБА. Манифестацијата беше во организација на седумте средни, 12-те основни училишта, Одделението за образование и Здружението на просветни работници.Денеска организаторите со својата понуда им помогнаа на осмоодделенците да изберат, да се одлучат или да ја разрешат дилемата каде ќе го продолжат образованието. Овој саем досега секоја година се одржуваше во спортската сала Младост, а годинава се одржа на битолска „Магнолија“.„ Саемот се одржува на отворено, бидејќи сметавме дека така покрај учениците и нивните родители, и другите граѓани ќе може да се информираат и да иницираат кај своите деца каде да се запишат. Од новите струки што им се нудат на новите средношколи, веќе втора година во ’Таки Дасакло“ има паралелки за геодетско образование и на албански јазик, но лани интересот беше слаб а се надеваме дека годинава ќе има поголем интерес“, рече- Снежана Петровска, советник за образование во локалната самоуправа.„Битола е град во кој од најмала возраст од градинки, па во основното и средното образование се нуди разнолико и квалитетно образование“, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески кој е и кандидат за пратеник на претстојните предвремени парламентарни изброи што ќе се одржат на 5-ти јуни.Уписите ќе се одржат на 17-ти и 18-ти јуни кога 1.204 осмоодделенци од Битола ќе треба да го продолжат задолжителното средно образование. Според конкурсот, во Битола во седумте средни училишта има 1.600 слободни места поради запишувањето на ученици и од другите соседни градови./крај/твт/ом/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

