Македонија
Жител на струмичкото Ново Коњари заработи кривична за шверц со цигари
СВР Струмица до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 63-годишниот К.М. од струмичкото село Ново Коњари, под сомнение дека вршел шверц со цигари.
СВР Струмица до надлежното Основно Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 63-годишниот К.М. од струмичкото село Ново Коњари, под сомнение дека вршел шверц со цигари.
Лицето е осомничено за сторени кривични дела „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „царинска измама“.
Од МВР денеска соопштуваат дека при претрес на куќата и просториите во сопственост на пријавениот од страна на струмичката полиција откриено е дека лицето криело цигари од странско потекло, без акцизна маркица, што потекнувале од кривично дело „криумчарење“.
Притоа, како што информираат од МВР откриени и запленети се 250 штеки цигари “трокадеро блу слимс“, 349 штеки марка „мерлин слимс“ – црвени, 50 штеки „мерлин слимс“-сини и 150 штеки цигари марка „џфк класик“ или севкупно 799 штеки цигари во вредност од 240.000 денари.
Исто така при претресот пронајдени се два моторцикли „хонда“ и „кавасаки“, како и мопед „пијаџо“ за кои, пак, пријавениот не поседувал никаква документација во поглед на потеклото на возилата и за ставање на возилата во царинска постапка за утврдување царински давачки./крај/мвр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

