Македонија
Метаморфозис едуцира за зачувување на приватноста на интернет
Фондацијата Метаморфозис преку проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ ќе ги информира граѓаните за зачувувањето на нивната безбедност при користењето на интернетот и новите технологии.
Фондацијата Метаморфозис преку проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ ќе ги информира граѓаните за зачувувањето на нивната безбедност при користењето на интернетот и новите технологии.Како дел од проектот се изработени 13 кратки едукативни филмчиња во соработка со Детскиот театарски центар, како и 10 илустрирани и анимирани игри и квизови. Опфатени се темите „злоупотреба на мобилните телефони“, „сајбер насилство“, „онлајн грабливци“, „зависност од игри“, „кражба на идентитет„, „плагијат“, „чување лозинка“, „наведување на користење веб камера“, „онлајн купување“ и „он лајн измами“, рече Ирина Шумадиева, проект координатор од оваа организација.
Преку проектот, истакна Шумадиева, сакаме да ги потенцираме проблемите, без да го доведеме во прашање самото користење интернет, мобилни телефони и другите технолошки иновации од страна на децата и тинејџерите.
Предвидени се и проекции на филмови пред публика од основните училишта во неколку градови во државава до крајот на учебната година. Утре ќе има промоција на дел од мултимедијалните содржини и во Детскиот театарски центар./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
Хуманитарен настан за одбележување на 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Настанот ќе започне во 18:30 часот и е од хуманитарен карактер, а прибраните донации од истиот се предвидени за Интервентниот женски фонд наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина.
Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите.
Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет ТУКА.
Македонија
ЦГК истражување: Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година.
Според нивното истражување:
» Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи.
» Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62 % во 2015 на 49 % во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата.
» Две компании – „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“, во последната деценија ја зацврстиле својата доминација во јавните набавки во здравството и сега контролираат една четвртина од вкупната вредност на тендерите во овој сектор. Нивниот удел се зголемува на третина, ако се анализираат само набавките на лекови, медицински потрошен материјал и опрема.
» Повеќе од половина од набавките во здравството во изминатата декада им припаднала само на 10 фирми кои добиле тендери во вкупна вредност од над 1 милијарда евра.
» Низ годините расте вредноста на тендерите што најголемите десет добавувачи во здравството ги добиваат во постапки во кои биле единствени понудувачи и немале конкуренција. Просечно гледано, ако пред 5 години најголемите фармацевтски компании немале конкуренција во третина од вредност на договорите (33 %), сега ја немаат во повеќе од половина од склучените договори (55 %).
» Отсуството на конкуренција го концентрира богатството и влијанието меѓу мала група доминантни играчи и доведува до зголемени цени, намален квалитет на здравствените услуги за пациентите и намалена разновидност на лекови.
» Гледано по програми, во набавката на лекови и на потрошен материјал за третирање дијабетес доминира компанијата „Феникс Фарма“, во програмата за имунизација на населението „Алкалоид Конс“, а во програмата за ретки болести „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“. Во тендерите за набавка на реагенси и тестови, пак, доминираат „Авицена“ и „Биотек“.

