Македонија
Во Македонија нема заболени од цревната инфекција
Лицата кои се враќаат од Германија или околните земји, каде има случаи на заболени од цревна инфекција, да се обратат во најблиското инфективно одделение, особено доколку имаат симптоми на стомачни болки и крвави проливи (дијареа).
Лицата кои се враќаат од Германија или околните земји, каде има случаи на заболени од цревна инфекција, да се обратат во најблиското инфективно одделение, особено доколку имаат симптоми на стомачни болки и крвави проливи (дијареа). Со ваква препораката излезе Комисијата за заразни болести, која денеска ја разгледа актуелната состојба со заболени лица од бактеријата хеморагична ешерихија коли во Германија и други западни земји, како и подготвеноста на здравствениот систем во Македонија за справување при евентуалното од нејзино ширење и кај нас. Притоа било констатирано дека во Македонија нема дијагностицирано заболени лица со хемолитичен уремичен синдром, како и дека во државата постојат референтни лабораториски капацитети со потребна опрема и реагенси за навремена дијагностика на оваа бактерија или нејзини токсини. Од Клиниката за инфективни болести информираат дека се подготвени за прием и соодветно лекување на евентуално заболени лица. Комисијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за општа хигиена, како што се редовно миење раце, миење на овошје и зеленчук пред употреба, консумирање на добро термички обработена храна, посебно производи од месо и млечни производи и пиење безбедна вода.Бројот на починати као последица на заразата од ентерохеморалгичната бактерија ешерихија коли (EHEC) во Германија денеска се искачи на единаесет. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на превојот Пресека.

Тој потенцира дека се работи за проект за рехабилитација на 15 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга.

„Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој што претставува главна артерија, не само за спојување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, се работи со одлична динамика и до февруари месец би требало целиот патен правец да е завршен, што многу ќе помогне додека не се пушти целиот автопат Охрид-Кичево, побезбедно и побрзо да се патува, имајќи предвид дека патниот превој Пресека беше во една навистина катастрофална состојба“, изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)

