Македонија
Пули: Доказите за падот на хеликоптерот , целосно уништени во несреќата

Во основното јавно обвинителство англискиот експерт за авионски несреќи Едвард Пули го презентираше извештајот и неговата експертиза за падот на армискиот хеликоптер кај катлановско Блаце.
Во основното јавно обвинителство англискиот експерт за авионски несреќи Едвард Пули го презентираше извештајот и неговата експертиза за падот на армискиот хеликоптер кај катлановско Блаце. Во несреќата загинаа 11 македонски војници. Постапката е тајна и од судот и Обвинителство не изнесуваат никакви податоци околу новите моменти во истрагата. Единствен кој беше расположен да даде појаснување околу експертизата беше токму Пули. Тој по средбата со обвинителот изјави: “Мојата задача беше да ги проверам сите докази кои беа презентирани од претходните истраги и да го дадам моето мислење за заклучокот од тие истраги како и мои погледи во однос на спроведување на истрагата. Вчера го предадов мојот извештај и можам да ви кажам дека како и за секоја несреќа има серија од настани кои може да придонесат за несреќа. И ако се вратиме назад всушност ќе сфатиме дека се работи за ризиците кои не можат да се предвидат, и тоа не само луѓето кои го најдоа леталото или го контролираа. Овие ризици не биле предвидени и притоа се случува несреќа”. Пули вели дека е задоволен од работата на истражителите од Македонија. Сепак Пули појаснува дека експертизата воопшто не била лесна за изработка. “Ова несреќа беше проблем за инспекторите поради тоа што не пронајдоа скоро никакви снимени податоци во леталото. Се беше уништено во несреќата. Кога сакате да истражите нешто, а имате многу малку докази ( во овој случај немање на снимени податоци), мора да бидете екстремно внимателни со тоа што го имате како доказ и како и со донесување на вашите заклучоци. Јас тоа и го сторив”, изјави Пули. Сега на потег се македонските истражители кои треба да донесат конечна одлука дали за падот на хеликоптерот ќе се бара одговорност или случајот ќе биде затворен како несреќа. /крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.