Македонија
Од утре ќе се дистрибуира гласачкиот материјал до сите ОИК
Министерството за внатрешни работи утре ќе започне со дистрибуција на избирачките списоци и гласачките ливчиња од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до сите 84 Општински изборни комисии
„Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања и надлежности за обезбедување на изборниот материјал, негово безбедно дистрибуирање и предавање на Општинските изборни комисии во рок од 72 часа пред денот определен за гласање, а потоа и негово предавање на избирачките одбори во рок од 24 часа пред денот на гласањето (2964 избирачки места). Доставувањето на изборниот материјал ќе се направи по претходна координација и доставено барање од Државната изборна комисија за обезбедување на доставувањето на изборниот материјал“ соопштуваат од МВР.За обезбедување на транспортот на изборниот материјал ќе се формираат полициски мото-патроли. Секој конвој ќе биде обезбеден со најмалку два автомобили, со полициски службеници од ЕБР и полициски советник од Секторот за полиција и криминалистички работи.Полициските советници пред пристигнувањето до ОИК ќе го известат командирот на надлежната полициска станица за отпочнувањето со физичкото обезбедување на објектот каде ќе биде сместен изборниот материјал.По доставата на изборниот материјал ќе се отпочне со физичко обезбедување на објектите каде ќе биде сместен гласачкиот материјал до завршувањето на гласањето, односно транспортот на гласачкиот материјал до ДИК.„МВР преку планирани мерки и активности во изборниот период ќе овозможи непречена работа на надлежните органи за спроведување на парламентарните избори 2011 година, како и обезбедување на целокупниот избирачки и гласачки материјал и објектите каде ќе биде сместен“ велат од МВР.Министерството денеска завршува со дистрибуција на кутии, паравани до ОИК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

