Македонија
Фер и демократско гласање во Штип и Куманово
Гласањето во Штип се одвива регуларно,сите гласачки места се отворени на време во 7 часот освен едно гласачко место кое било отворено со еден час доцнење поради партиски обележја кои биле поставени повеќе од дозволеното растојание од гласачкото место.
Гласањето во Штип се одвива регуларно,сите гласачки места се отворени на време во 7 часот освен едно гласачко место кое било отворено со еден час доцнење поради партиски обележја кои биле поставени повеќе од дозволеното растојание од гласачкото место.
„Сите избирачки места се отворени. Излезноста е 20 проценти“ вели Лидија Савиќ, претседател на Општинската изборна единица.
И во Куманово гласањето се одвива мирно и без инциденти.
„Сите 128 гласачки места во Кумановско, кои ја опфаќаат изборната единица 2 и 3 се отворени во седум часот без никакви проблеми. Сега засега немаме процент на излезеност“ вели Виолета Арсовска, претседател на Општинската изборна комисија.
Во едно гласачко место, при увид било утврдено дека претседателот и потпретседателот на изборната комисија не биле на гласачкото место кое било навреме отворено./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

