Македонија
Излезноста до 13 часот над 35 отсто

Одѕивот на гласачите до 13 часот изнесува 35,8 отсто односно 612.814 граѓани од вкупното евидентирани во Единствениот избирачки список излегле да гласаат на втората прес-конференција денеска соопшти Државната изборна комисија (ДИК)
Станува збор за податоци добиени од 90,82 отсто од обработените материјали од избирачките места, односно обработени се информации од 2.792 избирачки места од вкупно 2.976. Во Изборната единица 1 излезноста на гласачите е 39,10 отсто или во конкретна бројка 113.506 избирачи. Во Изборната единица одѕивот на гласачите е 31,89 отсто или 99.594 избирачи од вкупно запишани 312.305 гласачи. Одѕивот во Изборната единица 3 е засега најголем во споредба со другите изборни единици и изнесува 40,82 проценти или гласале 117.823 граѓани.Ви Изборната единица 4 од вкупниот заброј 37,20 отсто или на гласање излегле 101.211 гласачи. Во Изборната единица 5 излезноста изнесува 34, 93 отсто односно 93.109 гласачи. Во шестката одѕивот на избирачите изнесува 27,60 отсто или 87.571 лице го остварило своето право на глас. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко досегашниот одѕив го оцени како прилично голем и посочи дека е надминат просекот од 2002 година. Тој информираше дека гласањето се довива нормално без поголеми и посериозни проблеми. До ДИК стигнале информации за одредени нарушувања во текот на гласањето во општините Кавадарци и Штип, Ѓорче Петров и Прилеп кои биле евидентирани од изборните органи. Станува збор за случаи кога граѓани со мобилни телефони го фотографираат гласачкото ливче по што тоа им било одземено а откако бил откриен идентитетот на лицата, тие биле пријавени во полиција. Како што рече Кондарко, против овие лица ќе бидат преземени законски санкции. Во име на ДИК тој уште една ги повика граѓаните да излезат и да гласаат. Наредната прес-конференција Државната изборна комисија ја закажа за во 18 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.