Македонија
ВМРО-ДПМНЕ регистрира повреди на изборниот процес
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за изборни нерегуларности во текот на гласањето и нарушување на тајноста на изборниот процес, заради што партијата испратила повеќе претставки до Државната изборна комисија.
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за изборни нерегуларности во текот на гласањето и нарушување на тајноста на изборниот процес, заради што партијата испратила повеќе претставки до Државната изборна комисија. Партиските набљудувачи забележале отворено агитирање од страна на СДСМ како и легитимирање на гласачите со име и презиме, со што, како што велат од партијата, извршена е повреда на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека членови на граѓанската организација МОСТ водат евиденција на лицата коишто го оствариле своето избирачко право во велешко и дека листите потоа им ги даваат на претставници од СДСМ, со што, како што соопштува партијата, се повредува тајноста на гласањето. Партиските набљудувачи на ВМРО-ДПМНЕ забележале и фотографирање на гласачките ливчиња со мобилен телефон, како и случаи каде се дели пропаганден изборен материјал пред избирачките места од страна на Обединети за Македонија.Партијата евидентирала и масовна појава гласачите со мобилен телефон да ги фотографираат гласачките ливчиња на кои гласале за СДСМ, а за возврат им се исплаќало надомест во висина од 40 евра.„Во Изборната единица 2 и Изборната единица 5 се врши масовна појава на пропаганда со испраќање на смс-пораки на мобилните телефони со следната содржина “Добро утро. Ве информираме дека денеска треба да го искористите Вашето гласачко право и да гласате за да ја спасиме Македонија, препорака од ЕУ е да гласате за СДСМ“. Со ваквите пропагандни пораки се нарушува изборниот молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ. /крај/макфакс/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи
Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот за возачките дозволи.
„Поднесена кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното не постапување нема да остане незабележано“, велат од синдикатот.
Едниот од пријавените се извини на социјалните мрежи дека упатувал закани. Рафет Мемишовски на снимката вели дека бил изнервиран и под стрес затоа што полицијата му го одзела автомобилот на неговиот братучед, поради тоа што немал возачка дозвола. Тој неколкупати повторува дека таквото однесување нема да му се повтори и вели дека повеќе нема да се заканува.
Граѓани во Битола, Штип и Прилеп неделава протестираа со блокади на патиштата на кои палеа гуми и дрва, реагирајќи затоа што им биле одземени возилата затоа што немале возачки дозволи.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

