Контакт

Македонија

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 426.804 гласови, СДСМ 358.169

Објавено пред

Владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 426.804 гласови или 39,36 отсто, а опозициската коалиција предводена од СДСМ 358.169 гласови, што е 33,03 отсто.

Владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 426.804 гласови или 39,36 отсто, а опозициската коалиција предводена од СДСМ 358.169 гласови, што е 33,03 отсто.Ова се најновите податоци објавени рано изутрината од страна на Државната изборна комисија (ДИК), по 97,88 отсто обработени ливчиња.Следуваат ДУИ со освоени  108.371 гласови (9,99 отсто), ДПА 59.693 (5,51), НДП 29.132 (2,69), ВМРО-НП 27.466 (2,53), Нова Демократија 19.314 (1,78),  Обединети за Македонија 16.333 (1,51), ЛДП 15.958 (1,47), Достоинство 8.607 (0,79), ПОДЕМ 4.391 (0,40), СДУ 2.169 (0,20), СДПМ 1.773 (0,16%), Демократска десница 1.458 (0,13%), НДУ 428 (0,04), Европска партија на Македонија 120 (0,01%), ПДП 248 (0,02%). На предвремените парламентарни избори гласале 1.119.889 граѓани, од што бројот на важечки ливчиња изнесува 1.088.843, а на неважечки 31.046. Одѕивот изнесува 63,35 отсто.ДИК во текот на денот на прес конференција треба да ги објави првичните официјални резултати од парламентарните избори. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне над 18.000 денари.

„Минималната плата оваа која што е сега дефинирана на 14.500 денари бидејќи тоа е законско решение, тоа е стекнато право, инаку таа е врзана со медијална плата кај нас и ако се направи симулација на растот на просечната плата кој што го предвидуваме до крајот на мандатот некаде би стигнала некаде повеќе од 18.000 денари, што цениме дека ќе биде реалност“, вели Мицкоски.

„Ние зборуваме да го следи трендот на 60 проценти од медијаната сама природна почнувајќи од ова почетна стапка сега 14.500, природно доколку растат просечните плати со стапка на растот од 25 проценти, ќе дојдеме ние до нешто над 18.000 денари“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени, јави УХМР.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и појава на грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика повторно опаѓање на температурите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

Објавено пред

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација на канабисот и останатиот фокус на новата политичка партијa „Твоја“ разговаравме со Мирјана Најчевска.

Предизборната трка се вжештува. На политичката сцена се појавија нови изборни опции, една од нив е полтичката партија „Твоја“. Професорката Мирјана Најчевска е една од нејзините идејни креатори.

На јавноста ѝ е добро позната по критиките и кон поранешната и кон актулената власт. Во политиката влегува со „Твоја“ за која вели дека е партија која нема амбиција да освојува министерски места, но се надева дека јавноста ќе ја препознае искрената желба Собранието конечно да стане место на донесување одлуки за сите граѓани.

Според неа, дуалитетот во политиката создаде клиенти од двете страни што се залагаат за лични интереси.

„Се она што е кретивно, прогресивно, алтернативно се поврзува со невладиниот сектор, а политиката остана дел од партиските препукнувања, се претвори во партиски естаблишмент, се задоволуваат тесните партиски интереси. Сакам да покажам дека политиката не е гнасна туку ние ја правиме таква. Политиката е динамичен дел од општеството но никако не треба да биде дел од партиите и од партиското договарање. Партиите треба да ги застапуваат интересите на сите граѓани“, тврди Најчевска во интервјуто.

Најчевска вели дека „Твоја“ ја застапува професионалноста, таа е демократска и флексибилна а во своето членство има и лево и централно и десно крило. Тие се обединиле околу неколку заеднички именители: образованието, одговорноста на политичарите, правото, животната средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија11 час

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија13 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија14 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија15 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ16 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија17 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет18 часа

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион18 часа

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион20 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет21 час

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион21 час

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ21 час

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Македонија22 часа

Глоба за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица што не биле од исто семејство

Обвинителството предложи глоби за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион23 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија23 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион24 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија1 ден

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион1 ден

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион1 ден

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Досие