Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 56 пратеници, СДСМ 42

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери освоија 53 пратенички мандати во Македонија и три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери освоија 53 пратенички мандати во Македонија и три од дијаспората, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2.Ова се првичните официјални резултати на Државната изворна комисија (ДИК), добиени врз основа на сите записници од 84 општински избирачки комисии за сите 6 изборни единици.Претседателот Борис Кондарко информираше дека одѕивот на вчерашното гласање изнесува 63,48 отсто или вкупно гласале 1.156.085 граѓани. Важечки ливчиња се 1.094.999, неважечки 31.983, а неупотребени останале 665.449 ливчиња.Одѕивот во Изборната единица (ИЕ) 1 бил 67,37 отсто, во ИЕ 2 60 отсто, во ИЕ 3 71,66 отсто, во ИЕ 4 72,51 отсто, во ИЕ 5 61,53 отсто и во ИЕ 6 49,29 отсто.Тој уште еднаш информираше дека тече рокот за евентуални приговори до ДИК од страна на политичките партии, а од овој момент тече рокот од 48 часа за доставување на приговори за постапката на објавување на резултати.Во текот на денешниот и утрешниот ден доколку бидат доставени приговори, ДИК дополнително ќе ја известена јавноста. /крај/бд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар