Македонија
Изборите позитивно оценети од меѓународните набљудувачи
ОБСЕ и советот на Европа позитивно го оценија изборниот процес спроведе вчера во република Македонија, констатирајќи дека изборите транспарентни и добро спроведени, но и дека постојат аспекти на кои треба да им се посвети дополнително внимание.
ОБСЕ и советот на Европа позитивно го оценија изборниот процес спроведе вчера во република Македонија, констатирајќи дека изборите транспарентни и добро спроведени, но и дека постојат аспекти на кои треба да им се посвети дополнително внимание. Како што велат од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на ОБСЕ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа, гласачите имале можност слободно да го изразат својот избор во мирна атмосфера оценувајќи ги процесот и пребројувањето на гласовите како позитивен без значителни разлики меѓу регионите населени се претежно етничко македонско или со етничко албанско население. „Овие избори го поставија камен темелникот за стабилна и демократска иднина, реалност а на денот на изборите докажа дека многу од предизборните наводи се неточни и ја поставија на патека кон клима ослободена од параноја којашто би ја поткопувала довербата на граѓаните во изборниот процес“, изјави Роберто Бартели, специјален координатор на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ„Сметаме дека медиумското опкружување треба да биде понепристрасно настроено, потолерантно и потолерантно и дека медиумите треба да избегнуваат ситуации во кои тие служат како инструмент на пропаганда на интересите на бизнис секторот, политичките партии или владата“, рече Жан Шарл Гардето, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Според меѓународните набљудувачи, основните слободи за време на изборниот процес биле почитувани и дека кандидатите имале можност слободно да ја спроведат кампањата. Тонот на кампањата го оценуваат како мирен и воздржан низ целата земја. Тие изразија благодарност на сите фактори вклучени во организација на изборите и на гласачите коишто ги искористиле своето граѓанско право „Гласачите и членовите на избирачките органи на сите нивоа заслужуваат пофалба за нивниот придонес за главно мирното и добро спроведен изброен процес“, изјави Џулиан Пил Јејтс, шеф на долгорочната набљудувачката мисија на ОДИХР. Од меѓународните институции забележуваат на случаи на злоупотреба на државни ресурси во функција во изборниот процес и како кредибилни ги оценија наводите за притисоци врз државните и јавните службеници за поддршка на владејачката коалиција. Набљудувачите како позитивно ја оценија соработката со властите на сите нивоа во текот на изборниот процес. /крај/макфакс/сн/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

