Македонија
ОМ: Апсењето на Бошкоски брутална злоупотреба на власта
Апсењето на Љубе Бошкоски претставува брутална злоупотреба на државните механизми за политички реваншизам и демонстрирање на примитивна сила, рече денеска Никола Поп Илиев, шеф на РИШ на Обединети за Македонија
Апсењето на Љубе Бошкоски претставува брутална злоупотреба на државните механизми за политички реваншизам и демонстрирање на примитивна сила, рече денеска Никола Поп Илиев, шеф на РИШ на Обединети за Македонија
„Ваквата акција на власта доаѓа во текот на изборниот процес, кој се уште трае, но тоа нема да не заплаши и спречи да изнесеме докази за сериозни нерегуларности кои беа присутни во текот на целиот изборен процес, повторно во интерес на демократијата“, рече Поп Илиев.
Тој додаде дека апсењето на лидерот на ОМ е очајнички обид на власта за дестабилизирање на партијата. Поп Илиев рече и дека во просториите на партијата не бил направен официјален претрес.
На новинарско прашање дали кампањата била финансирана со средства од нелегални извори, Поп Илиев „најодговорно тврди дека во кампањата немало нелегални пари“.
Поп Илиев уште додаде дека реакциите на нивната партија за апсењето на лидерот се веќе доставени до меѓународните елементи присутни во државата. /крај/ми/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.